четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: градење | 28 резултати

Дрвјата во Расадник родија згради (герила-акција)

ноември 12, 2019

Во интересна герила акција група граѓански активисти денеска искажаа протест против градењето без контрола во општина Кисела Вода, односно најавата за изградба на згради на просторот на Расадникот. „Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно […]

Општина Охрид ќе ги послуша препораките од владата за мораториум за градење

јули 24, 2019

Откако владата на вчерашната седница упати препорака на општините од Охридскиот регион да прогласат мораториум на градежните активности сè до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство, како и во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид денеска преку соопштение објави […]

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

јануари 17, 2019

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од […]

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

април 20, 2018

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот […]

Во Софија забранети градби повисоки од 75 метри

март 29, 2018

Бугарскиот парламент вчера ги прифати конечните промени во Законот за градење и урбанизам на Софија, со кои се ограничува височината на новите градби во Софија на 75 метри, а во центарот на најмногу 50 метри. Законот беше на иницијатива на софиската градоначалничка Софија Фандкова, и според него, во центарот на главниот град на Бугарија максималната […]

Делегации на македонското и на грчкото МНР ќе одржат состанок утре во Скопје

февруари 8, 2018

Седмата рунда на консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција, како дел од мерките за градење на доверба помеѓу двете земји, ќе се одржи утре во зградата на министерството за надворешни работи во Скопје, со почеток во 09.55 часот, информираа од таму. „Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници […]

Еколозите загрижени дека туристичко Банско ќе го проголта паркот Пирин

јануари 23, 2018

Од Лондон преку Софија до Сиднеј, на 4, 11 и 18 јануари годинава во 20 бугарски градови и во 8 светски метрополи, илјадници луѓе маршираа на протести против најновите законски измени донесени во Бугарија со кој значително ќе се намали територијата на националниот парк „Пирин“ за сметка на зимскиот центар „Банско“, инаку многу популарна дестинација […]

Богоев ветува ревидирање на урбанистички планови во Карпош

септември 10, 2017

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие. – Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да […]

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

јуни 14, 2017

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку […]

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе излезе на улица, може да види во чие време се градело

февруари 3, 2017

Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое се повикува министерот за финансии, Кирил Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра […]

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Наместо да го градат, институциите го уништуваат центарот

јануари 28, 2017

Попова Шапка е оставена без никаква инфраструктура, одржување и без конкретен проект за модернизирање на туристичките капацитети. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа граѓаните што ја поведоа иницијативата под мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“. Тие се загрижени што центарот наместо да се гради, се уништува за овие 15 години. – Попова Шапка е претворена во трпеза […]

Градел хотел на диво, на земјиште на МПЦ

октомври 14, 2016

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево, за кого, според полицијата, постои основан сомнеж дека бесправно градел. Пријавениот, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во местото Еленско, во близина на хотелот „Макпетрол“ на струшкото крајбрежје. Се работи за доградба на 11 единични објекти, исто така бесправно […]

Во јули издадени 256 одобренија за градење

септември 9, 2016

Во јули се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.462.458.000 денари, што е за 37,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број […]

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење

август 15, 2016

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење што е за 47,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405 372.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот […]

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори за мерките за градење доверба

јуни 14, 2016

Во Атина се одржа нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи во Атина, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе различни сектори за приближување на двете општества. Според информациите од грчкото МНР, на оваа […]

Лани 1.061 објект биле бесправно изградени

јуни 10, 2016

Во земјава во текот на минатата година, бесправно биле изградени 1. 061 објект, објави Државниот завод за статистика. Според видот на објектите, бесправно се изградени 232 објекти за домување, 163 доградби, надградби и адаптации, 104 деловни објекти и 82 гаражи. Според податоците на ДЗС, најголем дел од дивоградбите, односно 98,4 проценти, се приватна сопственост.

Во февруари се издадени 335 одобренија за градење

април 11, 2016

Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот […]

Зголемен бројот на одобренија за градба во ноември во однос на истиот месец од 2014 година

јануари 15, 2016

Во ноември 2015 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924.000 денари, што е за 66,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од […]

Поповска: Братче Стево, уживај си ти, сега стана човече со патент на уста

октомври 29, 2015

Пратеничката од ДОМ, Лиле Поповска, на седницата наменета за поставување пратенички прашања, рече дека не е задоволна од одговорот што го добила на поставеното пратеничко прашање на претходната седница на Собранието. Таа прашала дали Владата ќе обезбеди повеќе пари за надзор на квалитетот на воздухот, а како одговор добила дека Министерството за животна средина побарало 50 […]

Во јули се издадени 359 одобренија за градење

септември 10, 2015

Во јули се издадени 359 одобренија за градење, што е за 71,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.576.256.000 денари, што е за 13,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи […]

Страна 1 од 2