fbpx

Дрон погоди руска железничка станица, Зеленски вети одмазда за нападот во Чернихив

Украинскиот претседател Зеленски вети дека ќе возврати откако седум лица, вклучително и шестгодишно девојче, беа убиени, додека 144 беа ранети во руски ракетен напад на централниот плоштад во северниот уркаински град Чернихив

-

Украинско беспилотно летало погодило железничка станица во западниот руски град Курк, при што биле повредени пет лица, изјави утрово регионалниот гувернер Роман Старовојт, а пренесе Гардијан.

Старовојт на Телеграм изјави дека, според првичните информации, дронот удрил во покривот на зградата на железничката станица, по што настанал пожар. Пет лица биле полесно повредени од делови од искршено стакло.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно вети дека ќе возврати откако седум лица, вклучително и шестгодишно девојче, беа убиени, додека 144 беа ранети во руски ракетен напад на централниот плоштад во северниот украински град Чернихив што се случи вчера.

„Сигурен сум дека нашите војници ќе ѝ дадат одговор на Русија за овој терористички напад. Забележителен одговор“, рече Зеленски во видео објавено доцна синоќа.

Инаку, во својот последен разузнавачки извештај, британското Министерство за одбрана соопшти дека има зголемен број извештаи за ракети СА-5 Гамон што ја погодиле Русија, и дека беспилотни летала редовно ја погодуваат Москва.

Ударите што стигаат длабоко во Русија се од стратешко значење, пишува британското разузнавање, бидејќи Владимир Путин најверојатно ја нападнал Украина верувајќи дека војната ќе има мал директен ефект врз обичните Руси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...