Пет загинати и 37 ранети во руски балистички напад во центарот на Чернихив

„Обична сабота, која Русија ја претвори во ден на болка и загуба. Има мртви, има повредени“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Телеграм канал

-

Пет лица загинаа, а 37 се ранети кога руски проектил го погоди централниот плоштад во североисточниот украински град Чернихив, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Ројтерс.

„Луѓето беа на пат кон црквата за да го прослават верскиот празник кога се случи нападот“, соопшти Министерството, додавајќи дека 11 од ранетите се деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди нападот се случил на централниот плоштад во Чернихив.

„Руска ракета погоди точно во центарот на градот, во нашиот Чернихив. Плоштадот, политехничкиот универзитет, театарот“, објави тој на Телеграм.

„Обична сабота, која Русија ја претвори во ден на болка и загуба. Има мртви, има повредени“, додаде Зеленски. Тој не го прецизираше бројот на жртвите, пишува Ројтерс.

Вијачеслав Чаус, началникот на регионалната воена управа на Чернихив, претходно напиша дека Русите најверојатно го погодиле центарот на Чернихив со балистичка ракета.

Во краткото видео што ја придружува објавата на Зеленски прикажани се остатоци расфрлани низ плоштадот пред драмскиот театар, а паркираните автомобили се мноху оштетени.

На видеото може накратко да се види и едно тело наведнато во автомобил.

Русија ги напаѓа украинските градови далеку од линијата на фронтот со проектили и беспилотни летала како дел од нејзината целосна инвазија започната во февруари 2022 година.

(Овој текст е ажуриран со информации од украинското Министерство за внатрешни работи во 12:30 часот, 19.08.2023 г.)

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од...