Атлетиката е позната како кралица на сите спортови, а пак кралица на овој спорт во Македонија и понатаму е Дрита Ислами. Дрита е од Скопје и со овој спорт започна да се занимава од 11-годишна возраст, вели таа во интервју за Порталб.мк. Таа досега има соборено многу рекорди дома и во странство.
Како започна целиот ангажман на Дрита во атлетика?
„Многу добро се сеќавам на моите почетоци во спортот, бидејќи се едни од моите најубави спомени. Бев многу млада, околу 11 години, кога ги направиv првите чекори во атлетика и трки. Во почетокот се натпреварував со деца од мојата генерација, петто одделение, во Основното училиште „Дитуриа“ во Сарај. Откако го освоив првото место, продолжив да се натпреварувам и на општинско ниво, каде го претставував моето училиште и, за среќа, на таа трка се пласирав на второ место. Сетоа тоа ме натера една година подоцна да се натпреварувам повторно на истата трка, но овој пат за шесто одделение, при што го освоив првото место. Ми беше посебно задоволство, некако се исполнив со оваа победа, и како мала се чувствував горда со моето достигнување. На тој натпревар беше присутен и тренерот на атлетскиот клуб„ Лирија “, кој го забележа мојот талент и ме замоли да се приклучам на тимот. Оттогаш започнав да се занимавам со атлетика на попрофесионално ниво“ – рече Дрита Ислами.
Во текот на нејзината кариера како атлетичарка, Дрита жнееше успех во скоро секое натпреварување. Но, што се однесува до трките што секогаш ќе ги памети, Дрита вели:
„Разбирливо е дека врв на мојата кариера ќе остане учеството на Олимписките игри, како прва Албанка од Македонија. Олимписките игри се сонот на секој спортист, тоа беше и мој сон, што го претворив во реалност. Но, исто така би ги издвоила и моите победи две години по ред, 2017 и 2019 година, во Европскиот куп, третата лига“, додаде Дрита.
Пораката на Дрита за сите млади спортисти е:
„Мојата порака би била да работат напорно за да постигнат што поголеми успеси. Да се претстават себе си и да ја престават нашата земја достоинствено, да ги направиме другите горди на нашите достигнувања и да се поддржуваме меѓусебно, што е можно повеќе “, рече на крај Дрита.
Ctrl - Z Дрита Ислами: Врвот на мојата кариера ќе остане учеството на Олимписките игри