fbpx

Доживотен затвор за убиец од Мерово

-

Тетовскиот основен суд го осуди на доживотен затвор Шабан Авдија од тетовското село Мерово, за двојното убиство што го изврши врз браќата Блерим и Бесник Авдија од истото село, кои биле во роднинска врска со осудениот.

Петгодишна, односно седумгодишна затворска казна, пак, добија неговите браќа, Самир и Фаик Авдија, за обид за убиство на Меди, татко на починатите браќа, а него, пак, судот денеска го осуди на затворска казна од една и пол година, за нанесување тешка телесна повреда на неговиот внук Фаик.

Инцидентот меѓу двете групи во роднинска врска се случи во мај минатата година, во атарот на село Мерово, во местото Јабланица. Групите се пресметаа поради нерасчистени имотни односи.

Правниот застапник на Меди Авдија вели дека пресудата за неговиот клиент не содејствува со доказниот материјал.

– Мојот штитеник е осуден дека нанел тешка телесна повреда. Наводно, на некој од напаѓачите му нанел повреда со пукање од неговата ловечка пушка, која ја поседува со дозвола, а е со калибар 12. Едниот од ранетите, пак, е докажано дека е повреден со калибар 16. Значи има пресуда која не содејствува со доказната постапка – изјави адвокатот на Меди Авдија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...