fbpx

Досега се вакцинирани 206.013, а интерес пројавиле 390.330 граѓани

-

Вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 390.330 граѓани, информираат од Министерство за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 206.013 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.561 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Со последните бројки 44,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 37 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...