Доналд Трамп се појави на судењето за измама, загрозена е неговата бизнис империја

„Мојата порака е едноставна: без разлика колку сте моќни, без разлика колку пари мислите дека имате, никој не е над законот“, му порача обвинителката Џејмс на Трамп

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп утрово излезе со обвинувања кон судија и кон државниот обвинител на Њујорк кој пак го обвини него за организирање на долгогодишна измама со цел да го зголеми своето богатство за дури 2,2 милијарди американски долари.

Денеска е првиот ден од судењето за измамата кое би можело Трамп и неговиот семеен бизнис да ги чини стотици милиони долари и кое веќе се заканува да ја заврши неговата деловна кариера во градот каде што ја започна, пренесува „Гардијан“.

Покрај Доналд Трамп, обвинети се и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик, Организацијата Трамп и неколкумина други.

Јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, го обвини Трамп дека користел лажни и погрешни финансиски извештаи од 2011 до 2021 година за да се збогати себеси и неговите бизниси. Врз основа на тригодишната истрага, обвинителката Џејмс тврди дека Трамп поради измамата должи најмалку 250 милиони долари. Тој ги искористил финансиските извештаи, преувеличувајќи ја вредноста на неговите имоти и средства, за да добие поволни заеми и да направи неговата нето вредност да изгледа повисока од реалната.

Во судењето нема порота, а врховниот судија на Њујорк, Артур Енгорон, кој го води случајот, ќе биде единствениот одлучувач.

Судењето започнува само неколку дена откако судијата Енгорон нареди да се поништат сите деловни сертификати од сојузната држава Њујорк поднесени од Трамп и другите обвинети, што значи дека управувањето со големите имоти на Трамп во Њујорк ќе биде надвор од секојдневната контрола на поранешниот претседател.

Трамп пред судот изјави дека е невин, обвинувајќи ја јавната обвинителка дека е политички мотивирана и нарекувајќи ја „расист“. За судијата во случајот, пак, Трамп рече дека „се извлекол со убиство“, а подоцна го нарече и „срам за луѓето што се нарекуваат судии“.

„Ова е продолжение на единствениот најголем лов на вештерки на сите времиња“, рече Трамп упатувајќи се кон судот, и додавајќи оти неговите финансиски извештаи биле „феноменални“.

„Мојата порака е едноставна: без разлика колку сте моќни, без разлика колку пари мислите дека имате, никој не е над законот“, рече обвинителката Џејмс пред судот.

Ниту еден од обвинетите нема да се соочи со затворска казна доколку биде прогласен за виновен, бидејќи се работи за граѓанско, а не за кривично дело.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...