fbpx

ДОМ: МНР да одговори какво решение е договорено за бегалската криза

-

Партијата Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска го повика Министерство за надворешни работи да даде одговор какво решение е договорено за бегалската криза.

Портопаролот на ДОМ, Тони Ристов, на прес-конеферцијата рече дека треба да се понудат сериозни и хумани решенија, кои ќе бидат во согласност со меѓународните конвенции за бегалци и за раселени лица. Тој рече дека бегалската криза е глобален проблем и оти поради тоа мора да се најде глобално решение со посредство на Обединетите нации.

Портпаролката на ДОМ, Маја Морачанин, пак, оцени дека треба да се спроведе еден вид Маршалов план за сиромашните земји, што би значело прераспределба на богатството и намалување на огромните разлики меѓу богатите и сиромашните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...