Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Русија и Западот се движат кон период на нова студена војна.

– Европските политичари поверуваа дека создавајќи еден вид појас од пријатели на границите на ЕУ, ќе имаат гаранција за безбедност. Каков е резултатот? Не појас од пријатели, туку појас на изолирање – истакна Медведев, додавајќи дека се создава една непријателска и затворена политичка линија на НАТО кон Русија.

Медведев рече дека е тешко да се создаде доверба, но оти треба да се почне да се работи на тоа поле.

– Нашите позиции се разликуваат, но пред 40 години во Европа имаше ѕид – рече Медведев.