fbpx

Доколку е сериозен, Заев треба да почне со реформите во администрацијата и судството по формирање нова влада

-

Кандидатот за премиер, Зоран Заев, продолжува со преговори за формирање влада. Некои од принципите што идната влада би требало да ги спроведе, меѓу другото, се реформите во администрацијата и во судството, два столба што постојано беа цел на критики од меѓународниот фактор заради партизација, нетранспарентност и непрофесионалност. Овие реформи се, пред сè, неопходни за граѓаните и за функционирање на владеењето на правото и правдата, но и за членството на земјата во Европската Унија.

Експертите проценуваат дека реформите треба да започнат веднаш штом ќе започне мандатот, за да има време да се спроведат, а очекуваат новата влада да ги даде посакуваните резултати, пишува Порталб.мк.

Реформите во администрацијата да започнат веднаш
Реформите во администрацијата за време на последниот мандат, според истражувањето на Метаморфозис, беа бавни, повидливи беа во дигитализацијата, додека помалку во функционалната анализа. Администрацијата сепак и понатаму има потреба од департизација, зголемување на ефикасноста, намалување на големиот број вработени и бројот на институции, потоа вработувањата треба да бидат според меритократски модела, да има брзи, ефикасни и квалитетни услуги, но и да има израмнување на платите.

Универзитетскиот професор по управно право, Борче Давитковски, смета дека ако целите и програмата на Заев се сериозни, тогаш откако, ќе формира влада, треба веднаш да започне со реформите.

-Сега зборуваме за идеја, ако програмата и целта се сериозни, реформите треба да започнат веднаш штом ќе започне мандатот. Јас ги поддржувам реформите и добро е што цело време се ангажираме за мала, ефикасна и демократска администрација. Сега сè ќе зависи и од коалициските партнери, но во секој случај како посветеност тоа е добро. Последниот мандат на СДСМ не ветуваше намалување, иако на крајот на мандатот започна со оптимизација, но се знаеше дека тој процес нема да успее, бидејќи беше само за политички маркетинг. Досега, кога кај нас се разговарало за тоа, никогаш немало политичка волја, сега слушаме дека однапред е искажана политичка волја порано, што е за поздравување. Е сега како ќе биде понатаму, со оглед на тоа што едно говорат пред избори, а друго прават после изборите, тоа е прашање е за милион долари – вели Давитковски за Порталб.мк.

Заев најави намалување од 20% на администрацијата, спојување на ресори и управи, но и намалување на министерствата.

– Новите актери на новата влада мора да бидат подготвени за реформи во јавната администрација – зборуваме за промена што ќе донесе ефикасна услуга за потребите на граѓаните, но исто така ќе го намали обемот на администрацијата за 20%. Зборуваме за помалку министри и рационализација на јавните услуги, но и за повеќе и побрзи услуги. Ова значи дека министрите што ги избиравме да ја водат европската интеграција или да ги координираат економските политики, оние што беа вицепремиери, се разгледуваат, додека сите други, како што беа, 5, 6 или 7, ќе бидат намалени. Државата, според Законот за Влада, треба да има 16 министерства, а сега имаме 26 – ќе го намалиме овој број – вети Заев.

 

Изгубената доверба на граѓаните во судството, може да ја врати самото судство

Судството е, сепак една од главните ветувања на Заев за реформи, со оглед дека Северна Македонија треба да започне со преговори за членство во ЕУ – а тие ќе престанат веднаш ако судството продолжи со старата практика – нетранспарентност, непрофесионализам, пристрасност, нееднаквост или влијание на власта врз судските одлуки. За време на последниот мандат, реформата во судството, иако беше ветена и постојано беше дел од говорите на надлежните дека ќе се реформира, сепак, освен што се донесоа закони на хартија, на терен ситуацијата беше иста, и тоа е уште една причина помалку да му се верува на ресорот со најмала доверба на граѓаните, особено по скандалот со главната специјална обвинителка.

„Ветингот“ беше едно од решенијата за кое постојано се зборуваше и се спомнуваше како директна алатка за да се запре практиката на нетранспарентност или неказнување на судските структури, и покрај скандалозните резултати и одлуки. Сепак, ЕУ не претпочиташе такво нешто, заради горчливото искуство во Албанија, каде што институциите беа блокирани, но тоа не значи дека тие европското семејство не бараше прочистување на судството. Барањето на претставниците на Европа беше државните властида го исчистат судството, но со постојните механизми, што беше почитувано, а „ветингот“ според моделот на Албанија, беше тргнат од дневен ред.

За новиот модел, кој дури и победникот на изборите, Заев, го промовира и ветува дека ќе го направи веднаш штом ќе дојде на власт, универзитетската професорка Беса Арифи оценува дека истиот ќе го даде посакуваниот резултат, но дури и ако овој процес заврши на најдобар можен начин, самото судство мора да ја врати довербата на граѓаните во него.

-Јасно е дека реформите во судство мора да вклучат начин на прочистување на судството од судиите кои имаат кривична одговорност и проверка на имотот на сите други судии. Извештаите на Прибе и Европската комисија предвидуваа сеопфатен процес на проверка, но не како тој во Албанија, бидејќи таквиот процес има тенденција да го парализира судскиот систем како целина. Сепак, можна е соодветна контрола на имотот преку транспарентен и континуиран процес, кој во прво време би бил пообемен, сè додека низ него не поминат сите судии. Не верувам дека ова би ги комплицирало судските постапки, особено затоа што судството во Северна Македонија страдаше од влијанието на некои одредени судии и наметнување кривична одговорност врз нив. Но во комбинација со контрола на имотот и судир на интереси за други, верувам дека ќе го даде посакуваниот резултат. Треба да се има предвид дека процесот на судските реформи трае многу време и бара многу посветеност и упорност. Дури и ако овој процес заврши на начин кој е можен, со цел да се врати довербата на граѓаните, самото судство мора да го докаже тоа со исправни решенија – вели Арифи.

Еден од најважните принципи кои ги најави Заев ќе биде целосно решавање на криминалот и корупцијата на сите нивоа, вклучително и судството.

-Секој ќе ја сноси својата одговорност, без оглед на тоа дали потекнува од партија, општина, институции или дали е експерт, функционер, познат или непознат. Посебно внимание ќе посветат на делот за чистење на судството и контрола на потеклото на парите и капиталот на секој функционер, преку систем што заедно ќе го одредиме – истакна Заев.

Во секој случај, судството и понатаму останува „раната“ што најмногу ги боли граѓаните на Северна Македонија, особено кога оваа рана е расчепкана и „разлутена“ од оние што треба да ја лекуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...