Додека се чекаат субвенциите за инвертери, објавен огласот за субвенции за печки на пелети

-

Додека граѓаните ги чекаат повиците на општинските власти од Скопје, Битола, Кичево и Тетово за добивање ваучери од 60.000 денари за набавка на инвертер клима уреди, Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки за греење на пелети. Државата преку оваа мерка ќе издвои околу 480.000 евра за субвенционирање на набавката на печки на пелети.

Граѓаните годинава се поделени на две категории, при што лицата со ниски примања ќе можат да аплицираат за субвенции до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство како поврат на средства за набавената печка за пелети. На останатите граѓани ќе им бидат достапни субвенции до 50 отсто за купеното грејно тело, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство.

Во категоријата домаќинства со ниски примања влегуваат оние кои имаат семејни нето примања до 30.000 денари по месец, пензионери или еден брачен другар пензионер со месечни нето примања до 20.000 денари по месец, како и ранливите потрошувачи утврдени со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година.

Право на учество на огласот за доделување субвенции ќе имаат оние домаќинства кои ќе набават печки на пелети во периодот од 1 јануари до 6 март 2020 година. Повратот на средства од Министерството за економија ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен“, а подетални информации за огласот може да се пронајдат на веб-страницата на Министерството за економија.

Покрај субвенционирањето на печки за греење на пелети, државата преку Министерството за економија годинава ќе додели субвенции во висина од 400.000 евра за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата. Водечката мерка на владата за годинава ќе биде доделувањето на ваучери за набавка на инвертер клима уреди на 10.000 домаќинства во четири општини, за што ќе се потрошат 10 милиони евра.

И додека дел од овие мерки на владата се преземаат како поттик за намалување на аерозагадувањето во македонските градови, дел од експертите веќе предупредија принципот на доделување средства од државата се одвива инцидентно. Без формирање на национален Фонд за енергетска ефикасност на којшто би му се обезбедиле континуирани средства по години за реализација на ваквите проекти, на подолг рок нема да се намали потрошувачката на енергија од домаќинствата во зимскиот период, а со тоа и аерозагадувањето низ градовите.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...