fbpx

Дизелот од ноќеска ќе поевтини за два и пол денари

Еуродизел БС (Д-Е V) од ноќеска ќе се продава за 78 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 77,50 денари за литар

-

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска ќе поевтинат за два и пол денари за литар, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Цената на мазутот ќе изнесува 43,743 денари за килограм, додека останатите цени на нафтените деривати се непроменети.

Еуродизел БС (Д-Е V) од ноќеска ќе се продава за 78 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 77,50 денари за литар.

95-октанскиот бензин ќе продолжи да се продава за 81 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе чини 83 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236 отсто, кај дизелот за 3,669 отсто, кај екстра лесното масло за 4,540 отсто и кај мазутот намалувањето е за 3,128 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без вклученост на граѓанскиот сектор, не може да се зборува за плурализам и за отвореност

Учеството на јавноста во креирањето на јавните политики е нешто што во поширока смисла би значело „од граѓаните за граѓаните“. Правилниците, стратегиите, акциските планови, законите, законските измени - сите...