fbpx

Димовски: Видовте колку на СДСМ му е важен избирачкиот список

-

Вчера видовте колку на СДСМ му е важен избирачкиот список, доволно за да тргува со него, изјави денеска во Собранието членот на работната група на ВМРО-ДПМНЕ, во преговорите на политичките партии, Илија Димовски, за предлогот на СДСМ да ја прифати методологијата за прочистувањето на избирачкиот список доколку владејачката партија го прифати предлогот на посредникот Питер Ванхауте за медиумите.

– Ако за сериозни теми вака тргуваат, можете да замислите како ни е нам што три години ни зборуваат за непрочистениот избирачки список. Ванхауте да оди во Брисел и да им објасни зошто за него е неприфатливо да се преземе кој било европски закон, туку треба да се прават хибриди – изјави Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.