fbpx

Димитров утре во работна посета на Брисел

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе биде во работна посета на институциите на Европската Унија, информираат од МНР.

„Фокусот на посетата ќе биде остварување средби и разговори со носителите на одлуки. Се предвидува Димитров да оствари средби со заменик претседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, со генералниот директор за проширување, Кристијан Даниелсон, со претставници од кабинетот на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, како и со европратеници. Разговорите ќе се одвиваат во контекст на евроинтегративните перспективи на Република Македонија во периодот што претстои“, информираат од МНР.

Од таму додаваат дека Димитров ќе ја искористи можноста да ги запознае соговорниците за постигнувањата на Македонија во имплементацијата на реформската агенда, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во пресрет на објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК, Јункер за проширувањето на ЕУ во февруари, како и објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во април 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...