fbpx

Димитров денеска ќе се сретне со американскиот државен секретар Помпео

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска попладне во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајкл Помпео.

Средбата на Димитров со американскиот државен секретар Помпео е закажана за 14 часот по локално време.

Димитров, како што соопшти МНР, покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидено е да се сретне и со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

Шефот на македонската дипломатија синоќа оствари средби со претставници на Херитиџ Фондацијата и Школата за напредни меѓународни студии при Џонс Хопкинс универзитетот.

Димитров, од понеделникот до 22 август, престојува во работна посета на САД на покана на американскиот државен секретар Помпео.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...