fbpx

ДИК бара одложување на изборите поради несразмерност на бројот на гласови во изборните единици

-

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе побараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, измени во Изборниот законик.

Измените се бараат поради тоа што имало несогласувања во бројот на гласачите во три изборни единици – тројката, четворката и шестката. ДИК заклучиле дека има отстапувања од најмалку пет проценти во бројот на гласачите во овие изборни единици.

Имено, според Законот за избори, бројот на гласачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист и не смее да отстапува со повеќе од пет проценти помеѓу две изборни единици. Сепак, според податоците од актуелниот избирачки список, бројот на гласачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два.

Ова барање беше на агендата и на Демократската унија за интеграција, но досега не го ставаше на дневен ред. Според информациите, ова е уште еден чекор на политичките партии под притисок на меѓународната заедница да го одложат датумот на избори и да се свика Собранието.

На денешната седница, ДИК одлучиле и дека нема услови за одржување на избори во дијаспората затоа што се пријавиле помалку гласачи (5.343) од потребниот минимум од 6.500 гласачи.

На седницата учествуваа и двајцата членови на ДИК од СДСМ, кои досега не беа присустни на седниците.

Ова значи дека Собранието ќе мора да постапи по одлуката на ДИК и Вељаноски да закаже седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...