fbpx

Дијалози за глобална сајбер политика, со фокус на Западен Балкан

-

На 15 април, Observer Research Foundation America во партнерство со Министерството за одбрана на Северна Македонија, Министерството за надворешни работи на Холандија и Фондацијата Метаморфозис, беше домаќин на Дијалози за Глобална сајбер политика: Западен Балкан.

Настанот беше организиран со цел поттикнување понатамошни дискусии за градење на капацитетите на Западен Балкан за решавање на клучните сајбер предизвици поврзани со мирот и безбедноста, сајбер безбедноста и сајбер криминалот, како и нарушувањето на информациите. Настанот го водеше Брус В. Меконел, почесен соработник од Observer Research Foundation America.

На настанот говореа Радмила Шекеринска Јанковска, министерка за одбрана на Северна Македонија; Натали Јарсма, главна амбасадорка за Безбедносна политика и Интернет при Министерството за надворешни работи на Холандија, Владимир Радуновиќ, директор за Е-дипломатија и Сајбер безбедност, DiploFoundation, Крис Пеинтер, претседател на Фондацијата Глобален форум за сајбер експертиза (Global Forum on Cyber Expertise (GFCE) Foundation), Вилма Томчо, генерален директор на Националниот орган за електронско сертифицирање и сајбер безбедност на Албанија, Филип Стојановски, директор за развој на партнерства и ресурси во Фондација Метаморфозис, Николаос Панајоту, вонреден професор при Лабораторија за мировно новинарство, Школа за новинарство и студии за масовни медиуми, Универзитет „Аристотел“ во Солун, како и Франциска Клофер, проектен координатор во одделот за Европа и Централна Азија, при Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (Geneva Centre for Security Sector Governance (DCAF).

„Во процесот на пристапување во НАТО, Северна Македонија направи напори за да ги подобри своите способности и одбрана во кибер-просторот. Во изминатата година беше постигнат напредок во подобрување на кибер-безбедноста, но два примери покажуваат колку ранливи се и понатаму нејзините институции. Прво, Северна Македонија доживеа кибер-напад на изборната инфраструктура при изборите во 2020, при што нападот на сајтот на ДИК предизвика загуба на довербата, иако за среќа не создаде преголем сомнеж во исходот од изборите. Вториот пример е корисник на Твитер, кој се претставуваше како ЕУ експерт и остро ги критикуваше постигнувањата и институциите на Северна Македонија. Ова покажува како злонамерни личности може да ги користат социјалните мрежи за да се обидат да го подријат пристапниот процес“, порача Шекеринска.

Проблемите на Западен Балкан се и проблеми на ЕУ, беше посочено понатаму.

„Кибер-ризиците со кои се соочени земјите од Западен Балкан се исто така ризици за ЕУ, и мора да соработуваме за да најдеме решенија за овие закани. Многу од заканите со коишто се соочува регионот, вклучувајќи кибер-напади, кибер-криминал и дезинформации, не се нови“, посочи Јарсма.

Заклучоците може да се видат тука.

Овој настан беше дел од поголемата серија настани за Глобални сајбер дијалози организирани од американската истражувачка фондација Обсервер и Министерството за надворешни работи на Холандија чија цел е организирање регионални дијалози за решавање на клучните сајбер предизвици, зајакнување на мрежите составени од повеќе засегнати страни и зголемување на координацијата на регионалните иницијативи за градење на капацитети.

Овие состаноци се наменети да ги надополнат тековните процеси за сајбер норми што се одвиваат на меѓународно ниво, како што се Отворената работна група на Обединетите нации (United Nations Open-ended Working Group – OEWG) и Група на владини експерти (Group of Governmental Experts – GGE).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...