fbpx

Децата затруени со лекови надвор од животна опасност

-

Лекарите им ги спасија животите на седумгодишното братче и на четиригодишното сестриче од Делчево, кои во неделата, мислејќи дека се бомбони, испиле лекови за срце. Двете деца итно се префрлени на Детската клиника во Скопје и според лекарите, се во стабилна состојба.

Во неделата попладне, играјќи си, децата нашле фрлени кутии со лекови. Ги изеле, мислејќи дека се бомбони. Навремената реакција на итната помош од Делчево им ги спаси животите.

Доктор Гоце Стојменовски изјави дека остатокот од лековите што го нашле во џебовите на децата и кутиите што ги донел таткото, им помогнале да сфатат од што се затруле децата.

– Од семесјтвото донесоа таблети „асентра“ и ни покажаа дека станува збор за турење со лекови. Случајно го претресовме џебот на едно од децата и таму најдовме таблети „верапамил“. Тогаш презедовме сè што треба да им помогнеме – изјави доктор Стојменовски.

Самохраниот татко Ерсин Ибраимов е бескрајно благодарен на лекарите од итната помош. Останал сам да се грижи за двете децата откако пред три години го напуштила сопругата. Семејството живее од скромна социјална помош. Соседите велат дека децата веројатно биле гладни, па посегнале по фрлените лекови.

– Знаете како преживува ова семејство? Оди по контејнерите и собира за да јаде. Не да биле гладни, биле ептен гладни – изјави соседот Тони Јакимовски.

На местото каде беа најдени децата и денеска можат да се видат расфрлани лекови. Жителите на населбата Пустевски ендек повикаа на посовесен третман на лековите, кои повеќе не се употребуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...