Ја убил сопругата со секира

Синоќа, 49-годишен жител на село Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи ѝ удар со секира во вратот, ја убил својата 44-годишна сопруга. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа.

Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, а имаат две полнолетни деца.

По убиството, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица во Гостивар.
На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и од криминалистички техничари.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.