fbpx

Детето од сообраќајката кај Удово во критична состојба, соопшти Обвинителството

-

Седумгодишното момче, чии родители утрово загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово – Демир Капија, е префрлено на скопските клиники и се наоѓа во критична состојба, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Во сообраќајната несреќа, како што информираат оттаму, учествувале три возила, а во несреќата повредена е и германска државјанка, која била сопатничка во едно од возилата. Таа, со потешки повреди е задржана на лекување во Општата болница во Велес.

Во несреќата животите ги загибија сопружниците Н.П. (41) и Б.П. (32).

„Сообраќајната несреќа се случи утрово, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај местото Света Петка, кога се судриле автомобил „aуди a4“ со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (46), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (60) и автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (41). Во несреќата загинаа возачот на автомобилот „фиат“ и неговата сопруга, Б.П. (32), додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во „аудито“, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес“, стои во соопштението на Обвинителството.

Надлежен обвинител од Јавното обвинителство во Гевгелија, извршил увид на местото и се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајката.

„Возачот на „аудито“, државјанин на Република Србија, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и наредба за технички преглед на автомобилот „aуди“ и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и од урина на возачите, кои се ќе анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа“, велат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...