fbpx

Деркоски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот

-

Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во изјава за МИА вели дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Деркоски, кој на чело на комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат политички ставови туку треба да ги почитуваат законите и Уставот.

– Како прв чекор на новата Комисија ќе биде конститутивната седница на ДИК и потоа како орган што треба да спроведе иден референдум ќе треба да ги преземеме првите чекори во тој правец. Се надевам дека ќе успееме да одговориме на поставената задача согласно Уставот и позитивните законски прописи што го налагаат тоа – вели новиот претседател на ДИК.

Во однос на активностите за референдумот, Деркоски вели дека согласно Законот за референдум овластениот предлагач, во овој случај Собранието, треба да ја донесе одлуката за референдум, па потоа оперативно ДИК согласно членот 31 од Законот за референдум да ги преземе своите надлежности околу организација и техничките подготовки на самиот референдум, односно спроведување на одлуката.

Дерковски вели дека, без разлика што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, тој и сите останати членови на ДИК се членови на државен орган што има одредени задачи, овластувања и надлежности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...