fbpx

Денеска во ДИК продолжува анализата на вкрстената проверка на податоците

-

Анализата од вкрстената проверка на податоците од избирачкиот список и на базите со податоци од државните институции продолжува и денеска, најавуваат од Државната изборна комисија.

Се очекува да се усвои извештајот за резултатите од вкрстената анализа и да се знае колку гласачи се јавуваат како спорни.

Нема информации дали вчера причина за неусогласеноста на ставовите на членовите на ДИК била бројката за спорни гласачи.

Партиски извори брифираат дека бројката на спорни гласачи оди од 100.000, па дури и до 300.000.

По усвојувањето на анализата, ДИК ќе треба да почне со теренска проверка на спорните гласачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...