Времето денеска ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од два до 11 Целзиусови степени, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег.