Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 од: Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп  –  2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1.

Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево –  2 и Струмица –  1.

Во изминатово деноноќие пријавено е 1 починато лице од Куманово (72г), кое починало во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.

Најмногу активни случаи на ковид-19 има во Скопје – 189, а во моментов во Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран нема заболени лица кои се идентификувани дека се лекуваат од ковид-19.