fbpx

Демонстрации пред куќата на активист на „Битолско движење“

-

Неколку стотици битолчани вечерва се упатиле кон куќата на активистот на „Битолско движење“, Илија Балтовски, за да го изразат нивниот револт по протестите и по акцијата со лажните евра за градоначалникот Владимир Талески.

Пред неговиот дом, на улица 12 Кладинци во населбата Недопирливи, според очевидци, групата извикувала погрдни зборови за Балтовски и за неговите соработници, пцости, свирежи, колнеле и плукале во неговиот двор.

Толпата го вознемирила семејството на Балтовски, детето сопругата, родителите и соседите, а тој, пак, во моментот не бил дома, туку на протести пред општинската зграда, барајќи оставка од аболираниот Талески.

Настанот го обезбедувал кордон полицајци, а инцидентот се случи веднаш по собирот на ГДОМ, па се претпоставува дека една група од поддржувачите на ова движење заминале кон домот на Балтовски.

Вечерва полицијата била на местото на настанот и, според наши извори, спречила поголем инцидент. Балтовски вечерва беше недостапен за новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.