Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод годишнината од неговото раѓање.
Во делегацијата, освен заменик-претседателот на партијата, Радмила Шекеринска, и потпретседателот Дамјан Манчевски, присуствуваа и владините функционери од СДСМ, Оливер Спасовски, Кире Наумов, Александар Кирацовски и Љупчо Николовски.
– Одаваме почит на Гоце Делчев, кој го даде животот за самостојна Република Македонија. Неговото дело не смее да биде заборавено – рече Заев.