fbpx

Дел од српската опозиција договара заеднички кандидат за претседателски избори

-

Лидерите на српските опозициски партии денеска во Белград разговараа за заеднички кандидат за претседателките избори закажани за 2017 година. Лидерот на Движење за пресврт, Јанко Веселиновиќ, кој го организираше состанокот, рече дека наредната средба ќе се одржи за дваесетина дена во просториите на Социјалдемократската партија на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

Претседателот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ, рече дека на опозицијата ѝ е „потребен еден заеднички кандидат кој може да му нанесе сериозен политички удар на режимот на Александар Вучиќ“, но додаде дека денеска не биле споменати имиња. Стефановиќ изјави дека на состанокот станало збор и за непостењето на фер услови за избори и за целосната контрола врз медиумите во земјата.

Состанокот на опозицијата за условите на претседателските и на локалните избори ја иницираше лидерот на вонпарламентарната партија Движење за пресврт, Јанко Веселиновиќ, а биле повикани само партиите кои, како што рече, ниту директно, ниту индиректно не ја поддржуваат власта. На состанокот не беа повикани Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, ниту Демократската партија на Србија (СПС).

На средбата учествуваа претставници на Демократската партија, Нова партија, Социјалдемократска партија, СДА Санџак, Заедница за Србија, Левица на Србија, кои вкупно имаат дваесетина пратеници во парламентот од 250 места, како и двајца пратеници кои поради несогласување на соработка со власта од неодамна се исфрлени од ДСС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...