fbpx

Давутоглу: ЕУ да си го одржи зборот или ништо од договорот

-

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, денеска изјави дека Анкара би можела да се откаже од договорот со Европска Унија за прифаќање мигранти доколку во следните два месеца не бидат воведени визните олеснувања за граѓаните на Турција.

Според договорот меѓу Брисел и Анкара, Турција почна да прифаќа мигранти депортирани од Европа во замена за полесно добивање европски визи за турските граѓани.

Давутоглу истакна дека ако Брисел не почне да го спроведува својот дел од договорот до јуни, „никој не може да очекува Турција да се придржува до своите обврски“.

Турскиот премиер, на пат за Стразбур, каде треба да се обрати пред Европскиот парламент, рече дека договорот меѓу ЕУ и Турција веќе резултирал со голем пад на бројот на мигранти што пристигнуваат во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...