fbpx

Дали се Албанците виновни и за лошиот пласман на Србија на Евровизија?

-

Српскиот проект за проверка на факти „Раскрикавање“ направи темелна проверка на небулозни тврдења на српскиот весник „Ало“, кој ја обвини Фјола Исмаили, членка на македонското жири во изборот на песна на Евровизија, дека била виновникот што жирито од Македонија не ѝ дала ниту еден поен на српската претставничка Невена Божовиќ.

„Ова жири Србија ја остави без гласови, додека на Албанија и даде осум поени, кај која отидоа и 12-те поени од публиката преку СМС“, вели цитатот од „Ало“ што „Раскрикавање“ го пренесува, истовремено нагласувајќи дека српскиот таблоид воопшто не ги докажува обвинувањата од насловот на текстот, дека Исмаили „ги украла“’ поените на Србија.

Потоа „Раскрикавање“ објаснува како се гласало, односно дека секој член на жирито од 25 земји учеснички со броеви од 1 (највисока оценка) до 25 (најниска оценка) ги оценувал песните, а потоа оцените на секој член на жирито за секоја поединечна земја се собирале, па така била добиена конечната ранг-листа на земјите кои добивале поени.

„Така, Фјола Исмаили на прво место ја рангирала Албанија (1), па Италија (2), а потоа Австралија (3), и така натаму, а на крајот на нејзината листа е Исланд, како 25 по ред. Претпоследна е Франција (24 место, по Шпанија (23), а Србија е на 22 место на ранг листата на Фјола Исмаили.

Не само што не ни даде најмалку поени, туку нејзините гласови не беа единствените што решаваа. Имено, иако Исмаили од сите членови најниско ја оценила Србија, ни преостанатите четири члена на жирито, не ја рангирале посебно високо. Песната на Невена Божовиќ најдобро поминала кај композиторот Ристе Апостолов, кој ја стави на 9-тото место на својата ранг-листа.

Збирот на нивните поени Србија ја рангираше на 14. место на конечната ранг-листа, така што не доби поени, со оглед на фактот дека тие се распределуваат за првите 10 земји.

Од друга страна, целото македонско жири високо ја рангирало Албанија, која на конечната ранг-листа била трета.

Кога станува збор за гласовите на публиката, македонската публика најмногу гласала за албанската песна, а потоа за таа од Србија“, пишува „Раскрикавање“, потенцирајќи дека Северна Македонија не е единствената што не доделила ниеден поен за Србија, туку дека така било и во случајот со жирито од Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...