четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: евровизија | 35 резултати

Израел оди во финалето на Евровизија и покрај протестите со поддршка за Газа во Малме

мај 10, 2024

Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде што се одржува Евровизија, за да ја дадат својата поддршка за Газа. 20 годишната пејачка беше исвиркана за време на генералните проби. Можеше да се забележи […]

(ИНТЕРВЈУ) Бендот Џокер Аут за европската турнеја, креативниот процес и Евровизија

декември 16, 2023

Словенечкиот бенд Џокер Аут достигна огромен пораст на слава по настапот на овогодинешната Евровизија и го надоврза успехот со голема европска турнеја. Иако се оформуваат како средношколски бенд и минуваат низ неколку промени на членовите, денес бендот се смета за еден од најуспешните словенечки изведувачи, а тековно и го проширува својот музички опус ширум континентот. […]

Шведска победи на Евросонг, Лорин вторпат ја стави својата земја на евровизискиот трон

мај 14, 2023

Шведска е победникот на годинашното издание на Евросонг, односно натпреварот за песна на Евровизија. Во Ливерпул, победата на својата земја вчеравчер ја освои Лорин со песната Tattoo. Ова не е само седма победа на Шведска на натпреварот за песна на Евровизија во неговата децениска традиција, туку и вторпат токму Лорин да ја донесе победата на […]

Вечерва се избира победникот на Евровизија, Шведска и Финска фаворити

мај 13, 2023

Вечерва во Ливерпул, Обединетото Кралство ќе се одржи големото финале на Евровизија. Вкупно 26 земји ќе настапат на финалната вечер, под овогодишното мото „Обединети од музиката“ (United by Music). Шоуто ќе ја одрази културата и на градот-домаќин, но и на минатогодишниот победник – Украина, која не можеше да го организира настанот поради руската инвазија врз […]

МРТ одлучи „во најдобар интерес на граѓаните“ следната година да не учествува на Евровизија

октомври 14, 2022

Македонската радио телевизија (МРТ) денеска соопшти дека идната година нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство. Како главни причини за ваквата одлука ги наведе енергетската криза и финансиите. „Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат […]

Евросонг 2023 официјално ќе се одржува во Обединетото Кралство

јули 25, 2022

Евросонг 2023 ќе се одржува во Обединетото Кралство, потврдува Би-би-си. Организаторите на евровизискиот контекст одлучија дека не може да се одржува во земјата на годинешниот победник, Украина поради тековната војна со Русија. Фолк-рап бендот „Калуш оркестра“ со песната „Стефанија“ победи на годинешното 67 издание, а британскиот пеач Сем Рајдер со песната „Вселенски човек“ заврши на […]

И покрај одличната изведба, Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија

мај 13, 2022

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која во Торино настапи со песната „Circles“ и покрај одличната, емотивна изведба не успеа да се пласира во финалето на Евровизија. На грандиозната сцена на Пала Олимпико таа настапи под редниот број 11. Облечена во црна креација на стилистка Цаци Паковска, како што најави кога беше одбрана да биде […]

Андреа вечерва настапува на Евровизија, Северна Македонија со мали шанси за пласман во финале

мај 12, 2022

Македонската претставничка Андреа вечерва ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија. Под реден број 11, песната „Circles“ ќе биде изведена на Пала Олимпико арената во Торино, Италија. Според најавата и видеото од пробните изведби, Андреа на сцената ќе настапи сама. Од вечерашните вкупно 18 учесници, во финалето што ќе се одржи во сабота ќе се […]

Андреа два пати се извини за инцидентот со знамето, МРТ ќе одлучува дали да ја повлече

мај 9, 2022

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која вчера го фрли државното знаме, два пати се извини на јавноста откако нејзината постапка предизвика бурни рекации на социјалните мрежи. 🇲🇰 UPDATE: An apology video by Andrea has already been spread by MRT this evening, where she says that “reporters asked to take a pic without the flag” […]

Жирито пресуди – Андреа со песната „Circles“ е нашиот претставник на Евровизија 2022

февруари 5, 2022

Вчера, во емисијата „Стисни плеј“ во просториите на Македонската радио-телевизија, беше изгласана конечната одлука за нашиот евровизиски претставник, според гласовите на жирито, Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Торино. Годинава за прв пат по седум години, организаторот на Националниот избор, МРТ го врати натпреварувачкиот карактер на изборот за претставничка […]

Вечерва се бира евровизискиот претставник, организаторите смируваат дека онлајн гласањето е легитимно

февруари 4, 2022

Вечерва ќе биде познато кој ќе ја претставува Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија што во мај ќе се одржи во Торино, Италија. Победникот ќе го одлучат гласовите на публиката и на меѓународното стручно жири. За првпат по седум години, Македонската радио телевизија (МРТ) која е организатор на Националниот избор, го врати натпреварувачкиот […]

Гласај онлајн за твојот фаворит во изборот за македонска евровизиска песна

јануари 31, 2022

Во тек е изборот на песна што ќе ја претставува Северна Македонија на годинешното 66-то издание на „Евровизија“ во Торино, Италија што ќе се одржи во мај. Во потесниот круг за најдобри песни од кои една ќе ја претставува земјава влегуваат шест млади талентирани македонски музичари и пеачи. Оваа година, Македонската радио телевизија преку онлајн […]

Северна Македонија ќе биде дел од „Евровизија“ и догодина

октомври 22, 2021

Северна Македонија е помеѓу 41 земји учеснички кои ќе бидат дел од музичката манифестација „Евросонг 2022“. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја објави листата на земји кои ќе имаат свои претставници на најголемиот европски музички натпревар што догодина ќе се одржи во Италија. За домаќин на 66. издание на изборот за песна на Евровизија е избран […]

Италија победи на 65. издание на „Евровизија“

мај 23, 2021

Рок бендот „Манескин“ ја обезбеди победата за Италија на годинешниот избор за песна на „Евровизија“ кој се одржа во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија. Со енергичната изведба на песната „Тивко и добро“ (Zitti E Buoni), четиричлениот бенд собра вкупно 524 поени од публиката и стручното жири, кои беа доволни за Италија да се најде на […]

Утревечер се одржува финалето на „Евровизија“, граѓаните на Северна Македонија ќе можат да гласаат

мај 21, 2021

Вчеравечер се одржа второто полуфинале од изборот за песна на „Евровизија“, на кое се претставија уште 17 земји, а десет од нив обезбедија пласман во големото финале, со што сега е познат редоследот и целосната листа финалисти на 65. издание на престижниот музички натпревар. На втората полуфинална вечер настапија сите соседни земји кои учествуваат во […]

Гарванлиев: Интервјуто со изјавата е пред повеќе од една година, јас се извинувам ако сум повредил некого

март 16, 2021

Интервјуто кое циркулира на интернет со мојата изјава е пред повеќе од една година. Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човечно, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно и случајно, јас се извинувам од сè срце. Со овие зборови вчера Васил Гарванлиев од Струмица, […]

Оваа сабота ќе се прикаже онлајн Евровизија

мај 14, 2020

Викендов ќе се одржи поинакво издание на Евровизија наречено “Eurovision: Europe Shine a Light” инспирирано од песната “Love Shine a Light” која победи на овој натпревар во 1997. За време на програмата ќе бидат прикажани сите 41 песни кои требаше да учествуваат на ова натпреварување, но исто така поканети се и учесници од претходните години. […]

Дали се Албанците виновни и за лошиот пласман на Србија на Евровизија?

мај 23, 2019

Српскиот проект за проверка на факти „Раскрикавање“ направи темелна проверка на небулозни тврдења на српскиот весник „Ало“, кој ја обвини Фјола Исмаили, членка на македонското жири во изборот на песна на Евровизија, дека била виновникот што жирито од Македонија не ѝ дала ниту еден поен на српската претставничка Невена Божовиќ. „Ова жири Србија ја остави […]

Македонија ќе учествува на „Евровизија 2018“

ноември 17, 2017

Македонија ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“ следната година, откако МРТ и Португалската радио-телевизија постигнале договор. На официјалната веб-страница на „Евровизија“, Македонија сега стои како една од 43 земји учеснички. Минатата недела, под листата пишуваше дека промената од изборот во 2017 година е што Русија повторно ќе учествува, а Македонија нема. Сега на […]

Португалија победи на натпреварот за песна на „Евровизија 2017“

мај 14, 2017

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на „Евровизија“, европската мрежа на национални радиодифузери, кој се одржа во Киев, Украина. Со 758 поени, 27-годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја ѝ ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, […]

Страна 1 од 2