fbpx

Да го изгласаме буџетот, па ќе го распуштиме Собранието, му порача ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ

-

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на СДСМ да го прифати нашиот повик, да престане да бега од соочување со народот и да поднесе барање за распуштање на Собранието, стои во реакцијата на владејачката партија откако СДСМ поднесе барање за распуштање на Собранието.

„Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овојпат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори. ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17 часот, да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и намирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19 часот. Доколку СДСМ е убеден дека ќе ја добие поддршката на наредните избори, не е спорно на првата седница по конституирањето на новиот собраниски состав да предложи и да изгласа ребаланс на буџетот“, стои во соопштението.

Од владејачката партија велат дека ако не се донесе буџетот, тоа ќе значи и потенцијален ризик и опасност од внесување на земјава и во финансиска криза.

„Со поддршката на агендата што ја предлагаме, СДСМ ќе докаже дека навистина има намера да излезе на избори и дека навистина се убедени дека државата веќе не смее да биде заложник на политичките интереси на Зоран Заев“, се вели во партиската реакција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...