Русија не може да им го испорача на САД поранешниот службеник во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, соопшти рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислијак.

– Немаме никакви законски, ниту морални причини да го вратиме на американската влада – рече рускиот амбасадор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

Тој наведе дека Русија и САД немаат никаква спогодба за испорачување лица осомничени за кривични дела.

Сноуден во 2013 година објави повеќе милиони документи за прислушувањето што го вршеле САД.
Триесет и тригодишниот Сноуден, кој работел и како советник на Агенцијата за државна безбедност на САД, во јавноста изнесе тајни документи кои покажале постоење на голем број тајни проекти за надзор, како и дека тоа дека САД напаѓале компјутери насекаде во светот.

Сноуден им ги предаде документите на новинари на „Гардијан“ и на „Вашингтон пост“ во јуни 2013 година.

Пред да ги објави документите на ЦИА, Сноуден пребегна во Хонгконг, а потоа во Москва, каде и доби азил.