ЦУК: Пет активни пожари, три ставени под контрола

Сè уште е активен пожарот кај селата Тажево и Брезница, крак кон Јасен во Општина Македонски Брод

-

Од вкупно 29 пожари на отворен простор во текот на изминатото деноноќие, во моментов активни се пет, три се ставени под контрола, додека 21 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сè уште е активен пожарот кај селата Тажево и Брезница, крак кон Јасен во Општина Македонски Брод.

Уште гори и на Илинска Планина, село Базерник во Демир Хисар, а активни пожари има и во пробиштипско – села Зелениград и Јамиште, гевгелиско – село Фурка кон Каравалија, и во Општина Студеничани – села Драчевица – Црвена Вода, место викано Теман Бука.

Под контрола се ставени пожарите кај селото Косел во охридско, во Богданци и во Општина Пласница  – село Латово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...