„Час за час“ нова дигитална платформа за поврзување на заедницата

„Час за час“ е онлајн платформа за поврзување на заедницата која е имплементирана од Здружението на граѓани „Младите можат“. Концептот на „Временска банка“ е начин на трошење на еден час време за да му помогнете на некој друг преку вештините што вие ги поседувате и на тој начин да си овозможите себеси да заработите кредит од еден час за возврат за услуга што вас ќе ви биде потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време.

„Клучен принцип што ја поддржува вредноста на Временската банка е препознавање и уважување на потенцијалот на секоја индивидуа или група да понуди одредени знаења или вештини и да го инвестира своето време во развојот на заедницата. „Златно правило” на концептот на Временската банка е следниот: Еден час од моето време е еднаков на еден час од твоето време. Еден час од дадена услуга некому заработува кредит од еден час за да добиеш услуга. За еден час примена услуга “се плаќа” кредит од еден час“ стои во описот на платформата.

Од здружението „Младите можат“ посочуваат дека Временската банка како концепт е применлива на секоја категорија на граѓани, без разлика дали се индивидуи или поголеми групи, како цело семејство, организација, институција, компанија.

Граѓаните можат повеќе да се информираат во Фејсбук групата на „Час за час“.