Свет Свет Страница 296

Свет

Нигерија: Се урна хеликоптер пред студентски дом

Воен хеликоптер се урна и експлодира пред студентски дом на североистокот на Нигерија, подрачје на кое нигериската војска се бори со исламските екстремисти. Портпаролот на полицијата во нигериската сојузна Адамава не ги изнесе деталите, ниту наведе дали има преживеани, додека сведоците на несреќата велат дека нема...

Путин: Санкциите кон Русија се противправни

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјите што воведоа санкции кон Москва ќе сфатат дека тие им нанесуваат штета на меѓународните економски односи. - Ова е штетно и секако дека ни нанесува штета и нам, но и на САД, затоа што со тоа се поткопува...

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на...

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки - изјави Медведев. Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне...

Индија: Уапсен лекарот кој со стерилизација усмрти 13 жени

Индиската полиција го уапси лекарот кој при масовна стерилизација усмрти 13 жени. Како што соопшти полицијата, осомничениот лекар за неколку часа извршил 83 операции во државен здравствен камп во Биласпур, индиската држава Чатисгар. Според првичната истрага, инструментите со кои ги вршел операциите, наводно, не биле...

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се...

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции. Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест. Грест во декември...

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети. Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на...

Азербејџанските сили собориле ерменски хеликоптер

Срушен ерменски хеликоптер во близина на на отцепената територија Нагорно-Карабах
Азербејџанските воени власти соопштија дека собориле ерменски борбен хеликоптер во близина на отцепената територија Нагорно-Карабах, која е контролирана од етнички Ерменци. Прес-службата на министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека соборениот хеликоптер од типот „МИ-24“, им припаѓал на вооружените сили на Ерменија и дека „се...

ЈЕМЕН: Убиени седум припадници на Ал Каеда

Седум припадници на Ал Каеда, меѓу кои и жени, загинаа при нападите на американските беспилотни летала во Јемен, соопшти јеменското министерство за одбрана. Мета на нападите, според племенските извори, биле неколку припадници на Ал Каеда кои се собирале „под група дрва“ во близина на Азана,...

Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска се собраа во Мјанмар на Самитот на Сојузот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе биде насочен на зајакнување на регионалната соработка и на решавањето на територијалните спорови во регионот. Самитот на групата, која ја сочинуваат Брунеи,...

Сирија: Убиени 800 екстремисти

Повеќе од 800 екстремисти и околу 50 цивили загинаа од средината на септември во воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз позициите на ИСИС и другите екстремисти, соопшти опозициската Сириска опсервација за човекови права. Како што прецизираше организацијата, чие седиште е во Лондон, меѓу убиените...

Даријо Срна донираше 20 тона мандарини за децата во Донецк

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на украинскиот „Шахтјор“, Дариjо Срна подари 20 тона мандарини на децата во Донецк, град во Источна Украина каде се водат борби меѓу проруски бунтовници и украинските сили, соопшти клубот од Донецк. - Кога бев дете во Хрватска, ми...

Секој случај на насилство врз дете е премногу

Мари-Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Централна и за Источна Европа, на регионалната конференција на тема „Зајакнување на системите за заштита на децата за да се заштитат децата од запоставување, злоупотреба, насилство и од експлоатација“, која се одржува во Минск, Белорусија, вели дека...

Запалена џамија на Западниот Брег

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници. Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше...

Нови напади на Донецк

Подрачјето на градот Донецк на истокот на Украина, кој е под контрола на проруските сили, во текот на ноќта било гранатирано иако е потпишано примирје. Како што јавуваат светските медиуми, се слушнале силни експлозии и тешка артилерија. Артилерискиот оган е речиси секојдневна појава во подрачјето на...

Иран покрена нов радарски систем

Иран активира нов радарски систем со голем дострел, способен да детектира мали беспилотни летала и балистички ракети, соопштија иранските медиуми. Дометот на новиот систем е поголем од 2.500 километри, јави иранската агенција „Фарс“. Иран од 1992 година ја иницира домашната индустрија за одбрана, која произведува лесно и тешко...

Шпанија: Запленети 600 килограми кокаин на јахта

Шестотини килограми кокаин се запленети на чешка јахта во водите на Атлантски Океан, соопшти шпанската полиција. Дрогата е запленета на 830 километри југозападно од Канарски Острови. Четворицата членови на екипажот се уапсени откако полицијата, при претрес на бродот, пронашла херметички затворен контејнер во еден од бродските резервоари...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. - Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС,...

(ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“. - Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути - соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер. Лавата која ја...
Близард попусти до 67% скриншот од Батлнет

Попусти до 67 отсто на игри на Близард до 23 септември

До 23 септември има драстични попусти на сите игри од Близард, што достигаат до 67 отсто. Сепак, игри како World of Warcraft , Диабло 4 и најновата верзија на...