fbpx

Во Мјанмар почна самитот на АСЕАН

-

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска се собраа во Мјанмар на Самитот на Сојузот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој ќе биде насочен на зајакнување на регионалната соработка и на решавањето на територијалните спорови во регионот.

Самитот на групата, која ја сочинуваат Брунеи, Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајланд, Виетнам, Лаос и Мјанмар, го отвори мјанмарскиот претседател Тиен Сеин, кој повика на поголема интеграција на блокот.

Сеин ги пофали лидерите за реализирање на плановите за економската заедница АСЕАН, која треба да биде довршена до декември 2015 година. Тој ги поздрави и двајцата нови лидери, новиот претседател на Индонезија, Јоко Видодо, и тајландскиот премиер Прајут Кан-ока.

– Сметам дека вашето водство не само што ќе донесе повеќе мир, стабилност и благосостојба на вашиот народ, туку и ќе придонесе за посилна интеграција на АСЕАН – рече Тиен Сеин.
На самитот ќе се разговара за споровите кои неколку земји ги имаат со Кина за територијата на Јужнокинеското Море, за борбата против Исламската држава на Блискиот Исток, како и за епидемијата на ебола.

На самитот ќе учествуваат и американскиот претседател Барак Обама, кој во Мјанмар допатува од Пекинг, каде учествуваше на самитот на АПЕК (Организација за азиско-пацифичка економска соработка), премиерите на Индија, Нарендра Моди, и на Кина, Ли Кечијанг, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

На самитот ќе учествуваат и челниците на Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и на Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...