fbpx

Даријо Срна донираше 20 тона мандарини за децата во Донецк

-

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на украинскиот „Шахтјор“, Дариjо Срна подари 20 тона мандарини на децата во Донецк, град во Источна Украина каде се водат борби меѓу проруски бунтовници и украинските сили, соопшти клубот од Донецк.

– Кога бев дете во Хрватска, ми беше потребна помош. Особено е важно луѓето да ве поддржуваат кога минувате низ тежок период. Донецк и целиот регион Донбас дадоа многу, а ова овошје е само мал подарок со кој сакам да возвратам – рече Срна.

– Го ценам Донецк, тоа е мој град во кој живеам веќе 11 години и на кој многу му должам затоа што во него созреав како играч и како личност. Моите родители, клубот и неговиот претседател ме научија да им помагам на луѓето во тешка ситуација. Тоа е мојот животен принцип – додаде Срна.

Донацијата на капитенот е една од многуте хуманитарни акции во кои се вклучени играчите на „Шахтјор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентите во октомври треба да ги продолжат стипендиите

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават...