fbpx
Свет Свет Страница 275

Свет

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Авионот на компанијата „Ер Азија“, кој се урна во Јаванско Mоре, се вивнал на поголема висина со поголема брзина од вообичаената, а потоа „запрел“, покажуваат резултатите од истрагата. - Во последните минути, авионот се качувал со преголема брзина од вообичаената - рече индонезискиот министер за...

ИД бара 200 милиони долари за да не убие двајца Јапонци

Преку видеоснимка, џихадистите од Исламска држава побараа да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници. На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костуми, а екстремистите...

Муслимани протестираат поради објавување карикатури на пророкот Мухамед

Повеќе од 800.000 луѓе присуствувале на протестот во центарот на Грозни за одбрана на муслиманските вредности, на кој присуствуваше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти денеска руското министерсво за внатрешни работи. На протестот „Љубов спрема пророкот Мухамед“ се очекувало да се соберат околу еден милион...

Џихадистите го освојуваат интернетот, може ли некој да ги спречи?

Паралелно со вистинските вооружени пресметки во Париз и со антитерористичките акции кои следуваа потоа во Германија, Франција и во Белгија, во кои се убиени и уапсени повеќе екстремисти, на интернет се води жестока воена пропаганда предводена од џихадистите кои ја контролираат територијата на Исламската држава. Екстремните исламисти...

Бразил и Холандија ги повлекоа амбасадорите од Индонезија

Бразил и Холандија денеска ги повлекле своите дипломатски претставници од Индонезија откако власите на оваа земја погубиле шестмина затвореници, осудени за поседување дрога, пренесуваат светските агенции. Игнорирајќи ги апелите за нивно помилување, синоќа стрелачки вод ја извршил смртната казна на шест луѓе, меѓу кои еден...

Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Петнаесет лица биле убиени, а најмалку 11 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што вчеравечер се случил во близина на пазар во градот Гомбе на северот на Нигерија, пренесуваат светските медиуми. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но како што пренесуваат медиумите, Гомбе...

Бритaнска сопранистка ќе лета во вселената

Педесет милиони долари платила британската сопранистка Сара Брајтман за да биде осмата туристка што со рускиот „Сојуз“ ќе отпатува во земјината орбита. Таа допатувала во Русија на деветмесечен тренинг, но неговиот почеток е одложен за да може сопранистката да се прилагоди на студот.

Малезија: Осум загинати и 22 повредени во автобуска несреќа

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени откако туристички автобус скршнал од автопатот и се запалил, јавуваат малезиските медиуми. Возачот на автобусот скршнал за да избегне гума која се наоѓала на автопатот, по што автобусот паднал во ендек, превртувајќи се. Во несреќата две лица останале...

САД: Снимката на Ал Каеда за нападот на „Шарли ебдо“ е автентична

САД сметаат дека е автентична видеоснимката на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, на која организацијата ја презема одговорноста за нападот на францускиот магазин „Шарли ебдо“, соопшти американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека американските претставници веруваат дека видеоснимката е автентична, но...

Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламска држава, е уапсен синоќа поради напад на Капитол хил, стои во судските документи. Дваесетгодишниот Кристофер Корнет проучувал како се прават импровизирани направи, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција и планирал да отпатува во Вашингтон...

Сите сакаат да заработат од трагедијата во Париз

Милиони луѓе во светот на социјалните медиуми објавија „Je suis Charlie“ („Јас сум Шарли“), идентификувајќи се слоганот кој во себе ја крие пораката „Слободен сум, не се плашам“. Фразата „Јас сум Шарли“ е дело на уметникот Жоашим Ронса, кој непосредно по нападот на својот твитер-профил ја објави...

Пронајден е трупот на урнатиот авион на „Ер Азија“

Сингапурски воен брод го пронајде трупот на авионот на „Ер Азија“, кој минатиот месец се урна во Јаванско Mоре, со 162 патници и членови на екипажот, соопшти денеска министерот за одбрана на Сингапур, Нг Енг Хен. Нг на својот фејсбук-профил напиша дека еден од бродовите на...

Радио „Исламска држава“: Повторното објавување на карикатурата е крајно глупаво

Радио „Исламска држава“, денеска го оцени како „крајно глупав“ чин тоа што француското сатирично списание „Шарли ебдо“ на својата насловна страница повторно објави карикатира од пророкот Мухамед. - „Шарли ебдо“ повторно објави карикатура на пророкот што е навредливо и е крајно глупав чин - се вели во...

Новите карикатури на „Шарли ебдо“ ќе поттикнат омраза

Новите карикатури објавени во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ ќе „поттикнат омраза“, предупреди египетскиот универзитет „Ал Азхар“ од Каиро, кој е еден од најстарите и најпрестижна сунитоисламска духовна академија. Според универзитетот, овие карикатури „не служат за мирољубива коегзистенција меѓу луѓето и ја попречуваат интеграцијата на...

ИД објави снимка на која дете убива наводни руски шпиони

Сунитската екстремистичка група Исламска држава објави седумминутен видеозапис во кој мало дете со пиштол ликвидира двајца мажи, обвинети дека се руски шпиони. Убиените, по распитот, се обвинети дека се инфилтрирани во ИД за да шпионираат, по што десетгодишното момче, по наредба, ги застрелува. https://www.youtube.com/watch?v=xa7y0Wef5yM

САД ѝ доставија податоци на Франција за терористите

Американските тајни служби му доставија податоци на официјален Париз за движењето на лица кои се поврзани со минатонеделните терористички напади. Како што соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Ернес, податоците за историјата на патувањето на овие лица треба да помогнат во расветлување на настанот и...

Папата Франциск: Да се открие вистината за граѓанската војна во Шри Ланка

Папата Франциск ги повика властите во Шри Ланка да ја откријат вистината за тоа што се случило во крвавата граѓанска војна, истакнувајќи дека тоа би бил дел од процесот на помирување меѓу тамошните верски заедници. Веднаш по слетувањето во Коломбо, Франциск „дал материјал“ за Комисијата...

Непал: 70 уапсени на протест на опозицијата

Повеќе од 70 демонстранти се уапсени за судирите што избија за време на протестите на 30 опозициски партии во Непал, кои се противат на плановите на владата да усвои нов устав без согласност од сите политички сили и од јавноста. Полицијата интервенираше откако дел од демонстрантите уништија...

Њујорк: Пожар во метро-станицата Пен

Стотина пожарникари се обидуваат да го изгасната пожарот кој изутринава изби на њујоршката метро-станица „Пен“. Според првичните податоци, нема информации за повредени. Како што јавуваат американските медиуми, пожарот избил во подземниот дел на станицата и тоа во градежниот дел на железничката пруга Лонг Ајленд, поради...

Во метро во Вашингтон, една жена почина, 60 повредени

По инцидентот вчера на една од најфреквентните метро-станици во Вашингтон, едно лице почина, а неколку десетици се ранети и се примени во болница. Според американските медиуми, во еден од тунелите на метрото се појавил силен чад, од кој биле погодени патниците во еден од возовите...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...