Во метро во Вашингтон, една жена почина, 60 повредени

По инцидентот вчера на една од најфреквентните метро-станици во Вашингтон, едно лице почина, а неколку десетици се ранети и се примени во болница.

Според американските медиуми, во еден од тунелите на метрото се појавил силен чад, од кој биле погодени патниците во еден од возовите и луѓето кои чекале на станицата.

Надлежните органи добиле итна наредба да евакуираат стотици лица.

Околу 60 лица, кои имале проблеми со дишењето се примени во болница. Двајца од нив се во тешка состојба.

Една жена почнинала на местото на несреќата, а лекарите претпоставуваат дека добила срцев удар.

Причината за појавата на чадот сè уште не е утврдена.