Бразил и Холандија ги повлекоа амбасадорите од Индонезија

Бразил и Холандија денеска ги повлекле своите дипломатски претставници од Индонезија откако власите на оваа земја погубиле шестмина затвореници, осудени за поседување дрога, пренесуваат светските агенции.

Игнорирајќи ги апелите за нивно помилување, синоќа стрелачки вод ја извршил смртната казна на шест луѓе, меѓу кои еден е iндонезиски државјанин, а останатите се странци, од Бразил, Холандија, Малави, Виетнам и од Нигерија.

Бразил го повлекол својот амбасадор заради натамошни консултации, а како што соопштиле тамошните власти, овој случај ќе влијае на билатералните односи меѓу двете земји.

Холандија, исто така, го отповикала амбасадорот од својата поранешна колонија, оценувајќи ја одлуката на индонезиските власти како сурова и нехумана казна, која претставува негирање на човековото достоинство и интегритет.