fbpx
Свет Страница 689

Свет

Убиен Палестинец на Западниот Брег

Израелската полиција уби еден Палестинец за време на рацијата која денеска ја спроведе на Западниот Брег, јавија очевидци и болнички извори. Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинецот бил убиен кога се обидел да фрли граната врз полицајците, кои вршеле операцијата против милитантите. Локалните жители на...

ЕУ: Решението на прашањето со мигрантите во септември

Членките на ЕУ, најверојатно, во текот на јуни нема да постигнат согласност за сместувањето на 40.000 азиланти, што значи дека одлуката нема да биде донесена пред септември, изјавија европски извори. Европската комисија во текот на месецов изнесе предлог за сместување на мигрантите за да се намали оптоварувањето...

Уште две лица загинаа од БИРС во Јужна Кореја

Во Јужна Кореја уште две лица починаа од Блискоисточен респираторен синдром (БИРС), соопштија денеска локалните власти. Вкупниот број на смртни случи се искачи на девет. Поради ситуацијата со епидемијата, претседателката Парк Геун-Хје ја одложи својата посета на САД од 14 до 18 јуни. Во Јужна Кореја се...

Тодор Петров – учесник во кампањата за локалните избори во соседна Албанија

Претседателот на Светски македонскиот конгрес, Тодор Петров, директно учествува во кампањата за престојните локални избори во соседна Албанија. Петров, вчера, во селото Горна Горица, Мала Преспа, говореше на преставувањето на програмата на Македонска алијанса за европска интеграција за локалните избори и на кандидатот за градоначалник...

Ердоган ја прифати оставката на Давутоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, по парламентарните избори кои во неделата се одржаа во Турција, но ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до формирањето на новата влада, соопштија од кабинетот. Давутоглу се сретна со Ердоган во претседателскиот...

ЕУ: Предлозите на Атина не се доволни

Новиот предлог за реформи што грчките власти го доставиле до меѓународните кредитори не е доволен за да се постигне договор за уплата на новите средства за земјата, соопштија денеска претставници на ЕУ. - Тоа што е доставено не е доволно за да тргне процесот напред - соопшти неименуван...

Хезболах одбил напад на ИД на либанско-сириската граница

Радикалното либанско движење Хезболах одбило напад на припадниците на Исламска држава на границата на Либан со Сирија, јави денеска телевизија блиска до движењето. Телевизијата „Ал-Манар“ пренела дека во борбата загинале или се ранети неколку екстремисти на ИД, како и дека се уништени три возила. Хезболах е вмешан...

ЕУ со негативни реакции за новите грчки предлози

Грција преживува нови моменти на неизвесност со шпекулациите дека европските партнери не ги гледаат новите грчки предлози за реформи како конструктивни и одржливи. Владата на Алексис Ципрас вчера достави нова листа предлози до европските институции, како дополнување на претходните. Светските медиуми јавуваат дека првите...

Египет: Извештајот на ХРВ е политизиран

Египетската влада го отфрли извештајот на „Хјуман рајтс воч“(ХРВ) за масовното кршење на човековите права и го окарактеризира како неточен и политизиран. Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Њујорк, во понеделникот, по повод првата годишнина од владеењето на претседателот Абдел...

Милитантите зазедоа електрана во Либија

Милитантите на Исламска држава ја зазеле електраната во западниот либиски град Сирте, која со електрична енергија го снабдува централниот и западниот дел на земјата, објавија денеска воени извори. Силите лојални на самопрогласената либиската влада, која го контролира главниот град Триполи, утринава се повлекле од електраната...

Романскиот премиер го зачува имунитетот

Долниот дом на романскиот парламент денеска го одбил барањето на обвинителството да се укине имунитетот на Виктор Понти во рамки на истрагата за судир на интереси. - Тоа е убедлив резултат. Против барањето се изјасниле 231 пратеник – соопшти еден од парламентарците. Понта претходно изјави дека...

Убиени 12 маоисти во Индија

Најмалку 12 маоистички бунтовници загинаа денеска во судирите со индиската полиција на истокот на Индија. Полицијата спровела акција недалеку од упориштето на бунтовниците во државата Џарканд, околу 300 километри јужно од Патне, главен град на соседната индиска држава Бихар. Меѓу полицајците нема жртви. Маоистичките бунтовници се...

„Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

Европа ќе се соочи со дефицит на гас од вкупно 50 милијарди кубни метри во 2025 година поради намалување на производството на природен гас, рече заменик-претседател на „Газпром“, Александар Медведев. - Сонувачите во Вашингтон тешко дека ќе бидат во можност да обезбедат повеќе од 50...

ОН: Џихадистите продаваат жени за кутија цигри

Борците на Исламската држава во Ирак и во Сирија продаваат киднапирани тинејџерки на пазарот за бели робје понекогаш и за кутија цигари, изјави специјалната претставничка на Обединетите нации за прашањето за сексуалното насилство, Заинаб Бангура. Таа во април ги посетила Ирак и Сирија и оттогаш работи...

Лидерите од Г7 се спремни за нови санкции кон Русија

Борбата против тероризмот и глобалното затоплување, подобрувањето на правата на жените, продолжување на притисокот врз Русија додека Москва не почне да го почитува суверенитетот на Украина, ова се приоритетите на Групата седум индустриски најразвиени земји, наведени во завршниот документ од самитот Г7, кој се...

Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја потресе Атина, но засега нема информации за жртви или материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил околу 4 часот, бил во заливот меѓу островот Евија и...

Австралија: Камионет влетал во кафуле и повредил 19 лица

Деветнаесет лица се повредени кога камионет влетал во кафуле во градот Рејвенсхоу на северот на Австралија, предизвикувајќи пожар што ја зафатил цела зграда. Полициските претставници на австралиската држава Квинсленд соопштија дека се обидуваат да утврдат зошто возачот скршнал од патот и влетал во кафулето. Боца со гас...

ЕУ: Естонија и Полска да ги достават даночните информации

Европската унија им нареди на Естонија и на Полска што поскоро да ги достават информациите за даночните договори што ги имале со одредени компании, како што тоа го направиле останатите членки на ЕУ по аферата „Луксликс“ која покажа дека на меѓународните компании им се давани даночни...

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 16 лица, поголемиот број деца

Најмалку 16 патници, поголемиот број деца, загинаа, а 30 се повредени кога камион со кој се превезувале се превртел во бездна во централниот дел на Перу, соопштија денеска перуанските власти. - Во несреќата погинаа приближно 16 лица – изјави регионалниот гувернер, Рубин Алва Очоа, додавајќи дека...

Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее ако не се почитуваат основните правa. Ки-мун на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...