fbpx
Свет Страница 690

Свет

Мубарак повторно на суд

Поранешниот египетски претседател, Хосни Мубарак, повторно ќе оди на суд во ноември за убивање демонстранти за време на востанието од 2011 година, кога беше соборен од власт, соопшти денеска Врховниот суд на оваа земја. Судијата ја уважи жалбата на обвинителството против претходната пресуда, со која...

Папамобилот пристигна во Хрватска

Папамобилот кој ќе го користи папата Франциск за време на апостолската посета на Сараево на 6 јуни под мотото „Мир со вас“, денеска со брод пристигна во Сплит. Како што јавуваат хрватските медиуми, папамобилот е пренесен од Анкона во Сплит со редовната линија на бродот...

Протести против насилството врз жените во Аргентина

Илјадници луѓе во аргентинската престолнина Буенос Аирес учествуваа на протестите против насилството врз жените. Демонстрациите против „фемицид“се организирани и во другите градови, како и во соседните земји, Чиле и Уругвај. Протестите следуваат по неодамнешните случаи на насилство врз жени, што ја шокираа Аргентина. Групите за права на жените,...

Коѕиас: Мерките за градење доверба да се договорат до јуни

Мерките за градење на довербата меѓу Македонија и Грција, македонско-грчката економска соработка и спорот за името беа во фокусот на разговорите на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, и македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими, во Атина. Коѕиас истакна дека имале отворен и искрен разговор...

Убиени 20 индиски војници

Во напад од заседа на воен конвој на североистокот на Индија, бунтовниците убиле најмалку 20 и раниле повеќе од десет војници, соопшти денеска индиската полиција. Конвојот возила е нападнат на патот од гратчето Импала, кој е главен град на државата Манипур. Во индиската држава Манипур, која се...

Папата Франциск во посета на Сараево

Папата Франциск в сабота ќе го посети Сараево, 20 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина. - Доаѓам меѓу вас, да искажам поддршка во меѓурелигискиот договр и да дадам поддршка за мирен соживот во вашата земја –...

Вучиќ: Србија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија

Денеска завршува посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на САД, за време на која во низа средби разговараше со американски официјални лица и со претставници на бизнис-групи, за билатералните односи, економската соработка и за поддршката на Вашингтон за европскиот пат на Србија. И политичката ситуација...

Експлодира бензинска пумпа во Гана, загинале 78 луѓе

При експлозија на бензиска станица во главниот град на Гана, Акра, загинаа најмалку 78 луѓе. Повеќето луѓе се собрале таму за да се скријат од пороен дожд. Десетина луѓе се хоспитализирани.

Грција и кредиторите се договорија да продолжат да се договараат

Без конкретен резултат заврши синоќешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Брисел. Двајцата политичари договорија нова средба, која се очекува да се одржи в петок, повторно во европската престолнина. Ципрас по состанокот со Јункер посочи...

Летонскиот парламент избра претседател на државата

Летонскиот парламент денеска го избра министерот за одбрана Рајмондс Вејонис за претседател на државата. Во последниот круг на гласањето, Вејонис доби повеќе гласови од Егилс Левитс, судија во Европскиот суд на правдата, бидејќи претходно испаднаа уште двајца кандидати. Досегашниот претседател, Андрис Берзинс, не се кандидираше за...

Обама го потпиша законот за ограничување на прислушувањето

Американскиот конгрес ја усвои реформата на законот за надзор со кој се ограничуваат овластувањата на Националната безбедносна агенција (НСА), посебно на програмата за прислушување телефонски разговори, која е воведена по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година. Претседателот Барак Обама веднаш по усвојувањето...

Во Ирак и во Сирија се убиени повеќе од 10.000 милитанти

Заменикот на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека од почетокот на воздушните напади против екстремистичката Исламска држава се убиени повеќе од 10.000 милитанти во Ирак и во Сирија. Во интервју за француско радио, Блинкен предупреди дека без разлика на напредокот во борбата против милитантите,...

Три цивили убиени во Украина

Две лица загинаа на истокот на Украина откако нивниот автомобил бил погоден од граната, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил на 20 километри од линијата на фронтот. Сепаратистите во регионот на Донецк јавија дека еден цивил загинал во артилериски напад на градот Јанакиев. Дваесет куќи се уништени...

Спасени 14 лица од превртениот брод во Кина

Повеќе од 400 лица и понатаму се заробени на бродот кој се преврти во реката Јангце во кинеската покраина Хубеј. Четиринаесет лица се спасени, а досега се извлечени 18 тела, јави државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“. Бродот „Истерн стар“ на четири нивоа во понеделникот исплови од градот...

Русија ја критикува одлуката на ЕП за ограничен пристап

Руското министерство за надворешни работи го критикуваше ставот на Европскиот парламент (ЕП) со кој се ограничува пристапот до парламентот на рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чизмов, и на уште еден дипломат, чие име не е наведено. Рестрикциите беа објавени вчера како одговор на одлуката на...

Абади: Сојузниците не прават доволно во борбата против ИД

Ирачкиот премиер Хајдeр Абади денеска ја обвини меѓународната коалиција дека не прави доволно во борбата против џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и оти клучните членови, како што е Саудиска Арабија, не го спречуваат приливот на странски борци. - Искрено говорејќи, потребна е голема политичка ангажираност...

Ципрас: Грција поднесе целосен план, топката е во рацете на ЕУ

Грција ноќеска испратила целосен и детален план со предлози и со идеи до меѓународните кредитори. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при посетата на Министерството за образование, обелодени дека од грчка страна е испратен детален план со конкретни и реалистични предлози, план во кој се направени...

Топлотниот бран усмрти 2.330 лица во Индија

Најмалку 2.330 лица настрадаа во топлотниот бран што ја погоди Индија, соопштија индиските власти, додавајќи дека во некои градови температурата се искачила и до 48 Целзиусови степени. Најтешко погодена е сојузната држава Андра Прадеш, во која во последните 24 часа загинале 42 лица од вкупно 1.719,...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер,...

Потона брод со 458 патници во Кина

Кинески патнички брод со 458 патници потона синоќа на реката Јангце во покраината Хубеи, извести кинеската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на управата за речна пловидба. Агенцијата јавува дека по несреќата спасени се седум лица, вклучувајќи ги капетанот и инженерот, кој рекол дека бродот потонал многу...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...