Милитантите на Исламска држава ја зазеле електраната во западниот либиски град Сирте, која со електрична енергија го снабдува централниот и западниот дел на земјата, објавија денеска воени извори.
Силите лојални на самопрогласената либиската влада, која го контролира главниот град Триполи, утринава се повлекле од електраната по нападот. За време на нападот убиени се тројца војници.
Исламската држава го користи безредието и превирањата во Либија, каде двете администрации веќе четири години се борат за доминација по соборувањето на поранешниот лидер Моамер Гадафи.
Милитантите го зазеле поголемиот дел од Сирте, родниот град на Гадафи. Тие го контролираат и аеродромот, а силите лојални на властите во Триполи се потиснати во предградијата.
Меѓународно признаената либиската влада работи од источниот дел на земјата.