fbpx
Свет Страница 657

Свет

Милошоски ги скара Коѕиас и Кумуцакос

Грчкото министерство за надворешни работи и Нова демократија се скараа околу случајот со поранешниот шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Откако единствената формална грчка реакција на говорот на Милошоски пред карта со Македонија со егејскиот дел беше преку твитер-порака, поранешниот европратеник и одговорен за надворешна политика...

АИ: Итно да се отворат законски и безбедни коридори за мигрантите

Амнести интернешенл (АИ) ги повика европските лидери итно да отворат законски и безбедни коридори за мигрантите. По вчерашната несреќа во Средоземно Море, каде се преврти брод со повеќе од 600 мигранти, АИ апелира дека е неопходно итно да се осигураат коридори за мигранти за да се спречат слични...

ИД зазеде уште еден град во Сирија

Исламска држава денеска зазеде важен град во Централна Сирија, по судирите со силите на претседателот Башар ел Асад, соопштија опозициски активисти. Заземањето на градот Ел-Карјатин ќе ѝ овозможи на Исламска држава да ги поврзе областите околу Палмира, кои ги зазеде во мај, со регионот Каламун,...

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија. Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен. Во џамијата имало припадници на единиците за државна...

Атинската берза првпат во плус

Атинската берза денеска првпат е во плус откако во понеделникот беше повторно отворена по петнеделна пауза. И акциите на банките, кои во претходните три дена изгубија 63,81 отсто од вредноста, денеска пораснаа во просек за три отсто. Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, кога...

Белизе меѓу седумте земји кои се на раб на банкрот

Американскиот портал „24/7 Вол стрит“ објави листа на седум земји кои се на раб на банкротирање, откако Порто Рико објави дека не е во состојба да исплати рата од долгот кон кредиторите, која изнесува 58 милиони долари. На дното на листата се најде Белорусија, а...

Шестмина загинати во бомбашки напад на талибанците во Авганистан

Најмалку шест луѓе загинале, од кои тројца полицајци, а 13 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случи на истокот на Авганистан, јавуваат медиумите. Како што пренесува „Би-Би-Си“, приколка полна со експлозив била детонирана пред полициска станица во Пули Алам, главен град на...

Бразилски бизнисмени осудени на 16 години затвор поради корупциски скандал

Двајца поранешни извршни директори на бразилскиот градежен гигант ОАС се осудени на 16 години затвор секој поради корупција, јавуваат светските медиуми. Според судот во Бразил, поранешниот претседател на ОАС, Хозе Алдемарио Пињеиро, и Агенор Медеирос биле вмешани во големиот корупциски скандал со државната нафтена компанија...

Во Русија ќе почне уништувањето на храната чијшто увоз е забранет

Во Русија денеска стапува на сила претседателскиот декрет за уништување на нелегално увезени прехранбени производи, за кои е воведено ембарго, како одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Москва заради мешање во украинската криза. Документот кој претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша на 29...

Одбележана 70-годишнината од нападот на Хирошима

Во Јапонија денеска се одбележуваат 70 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија бомба над градот Хирошима и ја принудија Јапонија да капитулира, со што ставија крај на Втората светска војна. На церемонијата во Хирошима присуствувале десетина илјади лица, јапонскиот...

Авионскиот дел најден на островот Рејунион е од исчезнатиот МХ370

Делот од авион што  минатата недела беше најден на островот Рејунион, е од исчезнатиот авион од летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“, потврди вечерва малезискиот премиер, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Малезискиот премиер соопштил дека меѓународните експерти, кои денеска почнаа со испитувањата на делот во Франција, „со сигурност утврдиле“...

Почна испитувањето на авионскиот дел за кој се претпоставува дека е од МХ370

Француските експерти денеска почнаа со испитување на делот од авион, кој минатата недела беше пронајден на островот Рејунион, во Индискиот Океан, а за кој се претпоставува дека е летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна лани во март, јавуваат светските медиуми. Делот пронајден на Рејунион,...

Исчезнати стотици мигранти по бродска несреќа во Средоземно Море

Стотици мигранти се водат како исчезнати откако бродот со кој се обидувале да стигнат во Европа, се превртел во Средоземно Море, во близина на либискиот брег, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од несреќата, на бродот имало околу 700 луѓе. Од...

Грчкото МНР на „Твитер“: Опасни се сите иредентистички активности од македонска страна

Грчкото Министерство за надворешни работи преку „Твитер“ се огласи за случајот со Антонио Милошоски во Онтарио. Индиректно, без да го споменуваат Милошоски, чиј говор пред карта на Македонија со егејскиот дел беше споменат како провокација од Нова демократија, во твитот од Министерството забележуваат дека...

Пакистан: За тероризам на воен суд

Пакистанскиот Врховен суд денеска донесе пресуда со која се овозможува на осомничените за тероризам да им се суди пред воен суд, што е последна во низата мерки на власта во кампањата против тероризмот, по минатогодишните напади на талибанците на школо, кога загинаа 150 лица,...

Атинската берза трет ден во пад

Атинската берза денеска трет ден по ред е во пад откако во понеделникот беше отворена по петнеделна пауза. Главниот индекс на атинската берза утринава по отворањето падна за 1,38 отсто, по што изгуби 3,39 отсто од својата вредност. Во понеделникот берзата го заврши денот со пад...

Американски авиони пристигаат во турските воени бази

Американски воени авиони и беспилотни летала пристигнуваат во турските воени бази, па наскоро ќе почне сеопфатна акција против џихадистите на Исламска држава. - Во согласност со договорот со САД, остваривме напредок во отворањето на нашите бази во базата Инџерлик – рече турскиот министер за надворешни...

Околу 350 мигранти се обиделе да преминат во Велика Британија

Околу 350 мигранти се обиделе минатата ноќ да минат од францускиот град Кале преку тунелот Ла Манш во Велика Британија, соопштија полициски извори. Според истите извори, 200 мигранти се спречени да го преминат тунелот, а 140 се фатени откако го минале и се пуштени, додека...

Во Германија уапсен џихадист од Мароко

Германската полиција во Штутгарт уапсила Мароканец, за кој се верува дека ѝ припаѓа на џихадистичката организација Исламска држава, соопштија денеска шпанските власти. Мароканецот, кој живее во Шпанија, бил особено активен на социјалните мрежи и имал улога во регрутирање борци за џихадистичката организација, се наведуива во...

Атина и Брисел оптимисти за договор во текот на август

Грчката влада очекува до крајот на денот да го затвори првиот круг преговори со „тројката“ и со кредиторите и со тоа да се приближи кон потенцијален договор до крајот на август. Во редовите на грчката влада постои оптимизам дека до 18, односно до 20 август...

Стејт департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица беа предложени за функции во Владата на Србија

„Ние сме разочарани што гледаме две санкционирани лица номинирани за позиции во новата влада“, вели портпаролот на Стејт департментот во писмена изјава за Гласот на Америка на српски јазик....