fbpx

Исчезнати стотици мигранти по бродска несреќа во Средоземно Море

-

Стотици мигранти се водат како исчезнати откако бродот со кој се обидувале да стигнат во Европа, се превртел во Средоземно Море, во близина на либискиот брег, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од несреќата, на бродот имало околу 700 луѓе.

Од ирската морнарица соопштиле дека стравуваат за „значителен број на жртви“, а од организацијата „Лекари без граници“ потврдиле дека неколку луѓе се загинати, без да соопштат повеќе детали.

Спасувачки тимови со четири брода и со три хелокоптери се упатиле на местото на несреќата, откако службите на Сицилија го примиле повикот за помош.

Според последните информации, портпаролот на Меѓународната организација за миграции соопштил дека стотина мигранти биле извлечени од водите на Средоземно Море.

Инаку, околу 2.000 мигранти ги загубија животите во 2015 година, обидувајќи се да го преминат Средоземно Море и да стигнат во некоја од западноевропските земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...