fbpx

Околу 350 мигранти се обиделе да преминат во Велика Британија

-

Околу 350 мигранти се обиделе минатата ноќ да минат од францускиот град Кале преку тунелот Ла Манш во Велика Британија, соопштија полициски извори.

Според истите извори, 200 мигранти се спречени да го преминат тунелот, а 140 се фатени откако го минале и се пуштени, додека 10 се уапсени.

Ова е значително помал број мигранти кои се обиделе да стигнат во Британија преку Ла Манш, во споредба со претходните денови. Ноќта во понеделник кон вторник, регистрирани се 600 обиди за преминување, додека еден ден пред тоа беа регистрирани 1.700.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...