fbpx

Пробиштип домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок

Пробиштип ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за мажи и жени до 22 години, oд утре во наредните три дена. На песокот во „Аква паркот“ треба да се појават репрезентациите на 11 балкански држави, меѓу кои лидерите во овој спорт...

Ристе Пандев прв во предквалификациите на ЛОИ

Нашиот спринтер Ристе Пандев победи во својата предквалификациска трка на 100 метри, на олимписките игри во Рио, Бразил со најдобро време за него сезонава 10.72. Со оваа победа тој обезбеди учество во квалификациските трки, каде противниците се многу подобри.

Грција бесна: Бразил го употребил уставното име на Македонија на веб-страницата на ЛОИ

Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе преземе мерки поради наводната грешка на официјалната веб-страница за годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро, на која Македонија наместо под референцата Поранешна југословенска република Македонија е заведена под уставното име. Како што јавуваат грчките медиуми, грешката е направена и покрај тоа...

Велосипедска тура по падините на Галичица

Третпат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската тура „Тур де Галичица“. На годинешниот настан, кој е во организација на Велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен, потпомогнат од Општина Ресен и од СВГ (Меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на Западен...

Почина охридската пливачка легенда Александар Леко Радиќ

Во Охрид, на 87-годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ. Погребот ќе се изврши утре, 18 јуни, на градските гробишта во Охрид. Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се...

Охридската стрелачка Нина Балабан е прв наш потврден учесник на ЛОИ 2016

Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Женеиро. Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК), тие во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) обезбедиле покана за учество на...

Кенијци го освоија Скопскиот маратон

Кенијците и годинава доминираа на Скопскиот маратон. Кипротич Кируи триумфално помина низ целта на машката маратонска трка со време од 2:12:36 часа, а зад него се пласираше неговиот сонародник Ричард Кипроно Бет со време од 2:14:36 часа. На третото место се најде Едвин Кирпуто...

В недела ќе се одржи Скопскиот маратон

Дванаесеттото издание на „Ви зер - Скопски маратон“ ќе се одржи в недела, со почекот во 8.45 часот, кај Порта „Македонија“. На маратонот ќе учествуваат 7.000 маратонци и рекреативци од 46 земји. Пријавените учесници можат да ги подигнат своите стартни пакети денеска и утре од 10 до...

Камениот мост и Калето, вметнати во рутата на Скопскиот маратон

Скопскиот маратон годинава ќе се трча по изменета патека, во која се вметнати Камениот мост и скопското Кале, дознава „Мета“. Измените на патеката, како што објасни директорот на Скопски маратонот, Кире Синадиновски, биле предвидени со првичниот план за манифестацијата и не се поврзани со барокните...

Годинешниот „Виз ер – Скопски маратон“ ќе биде најмасовен досега

Повеќе од 4.500 лица од 38 земји од светот досега пријавиле учество на годинешниот „Виз ер - Скопски маратон“, кој годинава ќе се одржи на 8 мај, по повод Денот на Европа. - Очекуваме 12. издание на Скопскиот маратон да биде најмасовно, како и најпосетено...

Македонија во Скадар ќе ги почне квалификациите за Светското фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација со мечот против селекцијата на Албанија, закажан за 5 септември, ќе го почне квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2018 година, што ќе се одржи во Русија. Мечот, како што одлучи албанската фудбалска федерација, ќе се игра во Скадар, на стадионот „Лоро...

Искачување на Водно по повод Свети Трифун

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска по повод празникот на виното, Свети Трифун, организира групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно. Трката почна во девет часот утринава, пред основното училиште „Кочо Рацин“, а околу 11 часот на врвот на Водно...

Голем интерес за годинешниот Скопски маратон

Годинешниот Скопски маратон според бројот на досега пријавените ќе биде најмасовен досега, соопшти организаторот на манифестацијата. „Ни остануваат уште 100 дена до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз ер скопски маратон“. Како се доближуваме до датумот на одржувањето, 8 мај, така бројот на...

Македонија изигра нерешено со Норвешка

Македонската ракометна репрезентација изигра нерешено против репрезентацијата на Норвешка. Натпреварот од втората фаза на Европското првенство, кое се игра во Полска, заврши со резултат 31:31. На полувремето македонските ракометари водеа со четири поени разлика (17:13). Играч на натпреварот беше Кире Лазаров, кој постигна 11 гола. Пет гола даде Дејан Манасков,...

Македонија загуби од Франција на почетокот на Европското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од репрезентацијата на Франција (23-30) на Европското првенство во Полска. Македонија е во групата А, каде што се и репрезентациите на Полска и на Србија. Следен противник на нашата репрезентација е домаќинот Полска, а натпреварот треба да се игра на 17...

Град Скопје им додели признанија на најуспешните спортисти

Град Скопје им додели признанија на најдобрите спортисти, тренер и екипа за 2015 година. Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија се Игор Стефановски-Иџе, Мартин Несторовски, Евгениј Поп-Ацев, Ненад Манојловски, Стојанче Стоилов, Баже Илијоски, Јасин Реџелари, Стефани Тодорова, Бобан Грнчаров и Наташа Стефановска. Најуспешни пет спортисти во младинска...

Олимписките комитети на земјите од регионот разговарале за можните соработки

На тркалезна маса во Тирана, на иницијатива на Албанскиот олимписки комитет, претставници на олимписки комитети на Косово, Црна Гора, Македонија и на Албанија, разговарале за исполнувањето на филозофијата на олимпизмот, врз основа на вредностите на пријателство и на соработка во рамките на ориентации и...

ФК Брегалница бара повеќе од 302.000 евра општински пари

Фудбалскиот клуб Брегалница е градски клуб и иако е акционерско друштво, целосно е финансиран од Општина Штип. Од буџетот за 2016 година, клубот бара 18.600.000 денари за редовно работење. ФК Брегалница е на дното на прволигашката табела, меѓутоа амбициозното раководство на клубот очекува напролет, на крајот...

Штип е домаќин на Балканското првенство во пинг-понг

Девет од десет балкански држави го потврдиле своето учество на Балканското првенство во пинг-понг за пингпонгари до 21 година, што утре почнува во Штип. Тимот на Грција до денеска се нема изјаснето дали ќе учествува на првенството, соопштија од организацискиот одбор. Сепак нашиот јужен сосед...

Во Прилеп традиционален турнир во мал фудбал „Свети Никола 2015“

Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал, што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник Свети Никола, патронот на градот Прилеп. Организатори се на турнирот се Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи ангел“ и „Младинската мултикултурна...

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...