fbpx

Велосипедска тура по падините на Галичица

-

Третпат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската тура „Тур де Галичица“. На годинешниот настан, кој е во организација на Велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен, потпомогнат од Општина Ресен и од СВГ (Меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на Западен Балкан) се очекува учество да земат повеќе од 400 велосипедисти од земјата и од Република Албанија.

Велосипедистите, промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење, во Преспа ќе имаат одлична можност да ги запознаат убавините на Националниот парк Галичица, низ кој на планинска патека ќе возат 35 километри. Другите 35 километри ќе ги возат низ локалните патишта во Ресен. Почетокот на оваа ревијална велосипедска тура е во Ресен, на 19 јуни 2016, во 9 часот.

Претходно за сите учесници што доаѓаат од сите краеви на Република Македонија, воспоставен е базен камп на плажата пред хотелот „Лејк вју“, каде од денеска логоруваат во шатори поголем број учесници.

За сите нив во Отешево и за сите други љубители на забава на плажа, вечерва покрај брегот на Преспанско Езеро се организира музички настан.

– Оваа година Општина Ресен заедно со СВГ преку програмата „Луѓе за луѓе“, обезбеди оперативна помош за реализација на „Тур де Галичица“. Ангажирани се локални водичи кои ќе ги следат велосипедистите, ангажирана е горската служба за спасување од Црвениот крст во Охрид, која на денот на одржување на настанот ќе биде распоредена на планината Галичица, исто така, обезбедени се маици за натпреварувачите, пакети за освежување, промотивни материјали и, секако, за сите нив во сабота вечер се организира и музички настан во Отешево – истакна градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...