fbpx

Штип е домаќин на Балканското првенство во пинг-понг

-

Девет од десет балкански држави го потврдиле своето учество на Балканското првенство во пинг-понг за пингпонгари до 21 година, што утре почнува во Штип.

Тимот на Грција до денеска се нема изјаснето дали ќе учествува на првенството, соопштија од организацискиот одбор. Сепак нашиот јужен сосед ќе има свој претставник, преку еден од судиите кој доаѓа од Грција.

Во следните два дена ќе се играат натпреварите во поединечна конкуренција и во двојки. Апсолутен фаворит на првенството е Романија, која е европски првак.

– На Балканот имаме неколку репрезентации кои играат одлично пинг-понг. Романија која е европски првак, Србија која има долга традиција во пинг-понг, Бугарите… сите тие репрезентации тренираат и многу повеќе од нас, но и вложуваат повеќе од нас, што ги прави подобри – изјави тренерот на македонската пингпонгарска репрезентација, Вијорел Уце.

Нашите репрезентативци очекуваат пласман меѓу четирите најдобри репрезентации.

Женската пингпонгарска репрезентација е целосно подмладена, со пингпонгарки на возраст од 12 до 16 години.

Најголем дел од составот на репрезентациите (машка и женска) доаѓа од Крива Паланка, каде работи и тренерот Уце.

Балканското првенство ќе биде повод и за одржување на Конгрес на балканските пингпонгарски федерации.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...