Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе преземе мерки поради наводната грешка на официјалната веб-страница за годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро, на која Македонија наместо под референцата Поранешна југословенска република Македонија е заведена под уставното име.

Како што јавуваат грчките медиуми, грешката е направена и покрај тоа што Меѓународниот олимписки комитет јасно ставил на знаење дека земјата во Обединетите нации е заведена како ФИРОМ.rio olimpijada mkd

Грчките медиуми реагираат и поради тоа што Бразилскиот олимписки комитет ја искористил и кратенката МКД на интернет-страницата, како и за тоа што во неколку различни написи за атлетичари и за спортски настани го употребиле името Македонија, а не ФИРОМ.

Претседателот на Грчкиот олимписки комитет, Исидорос Кувелос, најави дека ќе преземе мерки за да се исправи грешката.

Грција повеќе од две и пол децении го оспорува уставното име на Република Македонија.